Спорт
Манчестерско дерби во полуфиналето од ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер сити се последниот тим кој викендов избори пласман во полуфиналето од англискиот ФА Куп, откако го совладаа второлигашто Ридинг со 1:0, а претходно пласман избори и Сток сити
Манчестер сити беше подобриот тим во текот на целиот меч, иако славеше со погодокот на Мицах Ричардс во 74. минута, кога со глава го дочека убавото нафрлување од Давид Силва. Играчите на Рединг добро се држеа во поле, процентот на посед на топката е 51:49, во полза на домаќинот, но Сити изведе дури 18 опасни удари од кои 11 одеа кон голот, а второлигашот само трипати упати удар на противничкиот гол од кои еден одеше во рамките на целта. Претходно во неделата Сток сити по 39 девет години успеа да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување, откако на домашен терен го совлада Вест хем јунајтед. Головите за Сток ги псотигнаа Роберт Хут во 12. минута и Дани Хегинботам во 63. минута, додека за Вест хем погоди Фредерик Пикуен во 30. минута. Вест хем имаше голема шанса во продолжението да се избори за за повторен меч, но пенал не реализираше Итерингтон а Матју Апсон со глава ја погоди пречката. Претходно во саботата Манчестер јунајтед со 2:0 го совлада Арсенал, а Болтон во многу интересен меч како гостин извојува победа против Бирмингем сити со 3:2.Според жрепката што беше извлечена во неделата на пладне, на 16. и 17-ти април на лондонскиот фудбалски храм „Вембли“ во полуфиналето ќе се сретнат Манчестер сити – Манчестер јунајтед и Болтон – Сток сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем

Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата.
Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место.
Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0.
Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на својот тим, но не беше прецизен.
Челзи можеше да израмни во 37. минута, но голманот на Арсенал го одбрани обидот на Марк Кукуреља.
Во вториот дел Мерино ја имаше единствената вистинска шанса во 60. минута кога можеше да го реши победникот и да го удвои водството на Арсенал, но Роберт Санчез спектакуларно го одбрани неговиот удар.
Арсенал сега е на второто место со 58 бодови, 12 помалку од Ливерпул, додека Челзи е на четвртото место со 49 бодови.
Во наредната рунда ривали на Арсенал и Челси ќе им бидат Фулам и Тотенхем кои ги одмерија силите на „Крејвен Котиџ“.
Фулам победи со 2:0, со головите постигнати во второто полувреме.
Натпреварот беше изедначен, а потоа во 78. минута Родриго Муниз постигна гол за водство на Фулам од 1:0.
Победата ја потврди Рајан Сесењон во 88. минута од натпреварот, кога погоди за конечни 2:0.
Фулам е на осмото место со 45 бодови, додека Тотенхем е на 13. позиција со 34.
Спорт
Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Андреј Лазаров (25), фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип.
Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.
„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објави на социјалните мрежи неговиот клуб, Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше во Металург, Работнички, Тиквеш во Македонија, односно Горица и Рудеш во Хрватска.
Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.