Спорт
Лејкерси испуштија водство од 21 поен, се спасуваа во три продолжеија
Кога во третата четвртина „езерџиите“ имаа предност од 21 поен над „сонцата“ од Феникс, Брајант и Одом отидоа малку да се одморат на клупата, очекувајќи рутинска победа, но не се случи така
Во регуларниот тек мечот заврши нерешено 112:112, а на домаќините во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес им требаше дури три продолженија да слават минимална победа од 139:137. Коби Брајант во овој кошаркарски маратон постигна 42 поени, 12 скока и 9 асистенции. Ламар Одом пружи уште една добра партија во отсуство на Бунум, па постигна 29 поени, 16 скокови и 5 асистенции, а По Гасол беше стандарден со 24 поени и 13 скокови.Ченинг Фрај беше најефикасен во Феникс со 32 поени и 14 асистенции, Марциус Гортат ја потврди добрата форма со 24 поени и 16 скокови, а Стив Неш додаде 19 поени, 5 скокови и дури 20 асистенции.Атланта во „Филипс Арена“ загуби од Чикаго Булс со 81:114. Џеф Тигуе беше најефикасен во поразениот тим со 20 поени. За „Биковите“ Дерик Роуз забележа 30 поени и 10 асистенции, а Луол Денг 27 поени.Во „Роуз Гарден Арена“ во Портланд „блејзерси“ забележаа сигурна победа над Вашингтон со 111:76. Најефикасни во домашната екипа беа Џералд Волис (28 п. 8 ск.), Николас Батум (22 п. 12 ск.) и Ламаркус Алдриџ (22 п. 6 ск.). Во тимот на Вашингтон Џордан Крофорд со само 12 постигнати поени беше најефикасен играч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.