Спорт
Пандев: Со офанзивна тактика да ја оствариме целта
Македонската фудбалска репрезентација во сабота во Даблин против Република Ирска го игра можеби најзначајниот натпревар од квалификациите за пласман на Еуро 2012
Репрезентацијата втор ден се подготвува во базата во Охрид, каде се крои тактиката и се анализира играта на противникот.„Изминативе денови ги анилизиравме Ирците, во фаза на одбрана играат 4-4-2 а во фаза на напад брзо се трансформираат во 4-2-4. Со таков начин на игра не очекува голема борба на теренот, ќе треба повеќе да ја чуваме топката во наш посед и сите фудбалери да одговорат максимално на своите задачи. Играчите кои ќе истрчаат на теренот ќе имаат своја тактичка задача, а посебно Пандев кој ќе добие задача каква што досега немал во репрезентативниот дрес. Во средината тие ќе играат со двајца, а ние ќе се спротивставиме со тројца играчи. Нивните напаѓачи Кин и Дојл се враќаат назад и треба да бидеме внимателни на нив. Не смееме да дозволиме Ирците да наметнат своја игра, а со малку среќа, која ни недостига, на крај може и да се радуваме“, изјави на прес конференцијата во Охрид, селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз.Капитенот на “црвено-жолтите“, Горан Пандев е “фит“ за натпреварот со Ирска и ја респектира селекцијата предводена од италијанецот Џовани Трапатони. „Ирска е квалитетна репрезентација играат цврст фудбал, физички се многу добро подготвени. Ние на овој натпревар нема што да изгубиме ќе одиме да ја играме нашата игра и на крајот да се радуваме на триумфот. За да го совладаме противникот неминовно е да постигнеме погодок, со офанзивна тактика и залагање во играта во фаза на нападот можеме да ја оствариме зацртаната цел, затоа што со пораз најверојатно надежите за поголем успех во овие квалификации паѓаат во вода“, потенцира Горан Пандев.Квалитетот на ирската репрезентација одлично го познава и интернационалецот Горан Попов, кој поради клупските обврски во Лига Европа и украинското првенство, подоцна од другите фудбалери и се приклучи на репрезентацијата.„Негуваат игра на скок, дијагонали, а тоа нас ни одговара затоа што имаме корпулентна одбрана. Тактиката им е препознатлива, ако ние дадеме максимум и одиграме тактички како што треба шансата за успех е голема“, истакна Горан Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

