Спорт
Мурињо сака да се врати во Англија

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денеска изјави дека негова следна работа ќе биде во некој англиски клуб.
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денеска изјави дека негова следна работа ќе биде во некој англиски клуб. Поранешниот тренер на Челзи никогаш не криел дека го сака англискиот фудбал. Во Челзи тој мина три години, во тој период освои шест трофеи, но поради несогласувањата со сопственикот Роман Абрамович во 2007 година си замина од „Стемфорд Бриџ“.„Ми недостасува Англија и мојата следна работа ќе биде во некој од премиерлигашките клубови. Таму имам незавршени работи. Мислам дека и Англија ме сака мене. Таму најмногу уживав во својата работа. Сакам да повторам некои од резултатите кои ги постигнав во Англија, ќе разговарам со мојот менаџер и ќе направам план за мојата понатамошна кариера“, им изјавил Мурињо на англиските новинари. Жозе Мурињо има договор со Реал и во следните три години.„Договорот ме врзува за Реал, тоа е најголемиот клуб на светот, но работата во него е најтешка на целиот свет“, рекол Мурињо. Португалецот кој беше тренер и на Порто и Интер вели дека Англија е посебна.„Луѓето во Италија, Шпанија и Португалија ме прашуваат зошто толку ја сакам Англија, јас тоа не можам да го објаснам, едноставно ја сакам. Сакам да бидам задоволен од работата, сакам да бидам среќен во еден фудбалски клуб“, дополни Мурињо. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.