Спорт
МЗТ Скопје прв финалист

Во првиот полуфинален меч од кошаркарскиот куп на Македонија во МЗТ Скопје го победи Торус со 89:82 (47:29) и се пласира во утрешното финале.
Во првиот полуфинален меч од кошаркарскиот куп на Македонија во МЗТ Скопје го победи Торус со 89:82 (47:29) и се пласира во утрешното финале.Натпреварот започна стегнато. Торус првиот поен го постигна дури во 4 минута, и единствен пат на мечот успеа да израмни на 6:6 во 6 минута. Од тој момент МЗТ полека но сигурно го зголемуваше видството до 19:13 со које заврши првиот период. Втората четвртина започна со ревија тројки на МЗТ од Петровски, Аврамовски и Николовски и штрковите се здобија со предност од петнаесетина поени по која мирно го приведоа првото полувреме со осетна предност (47:29) највеќе поради 11 промашени слободни фрлања на играчите на Торус.По полувремето Торус продолжи во ист стил, МЗТ беше успешен од удар зад линијата 6,25 и во 14 минута веќе имаше комотни 26 поени разлика (63:37), па се очекуваше само мирна завршница. Но Торус до крајот на третата четвртина успеа да се симне под 20 поени разлика, а во последниот период преку Јелисављевиќ и Трајковски ја топеше предноста на МЗТ, за на 1 минута до крајот да намали на 82:80. Штрковите два пати промашуваа во следниот напад, но два пати ја фаќаа одбиената топка за Зивчевиќ со тројка на 37 секунди до крајот да зголеми на 85:80. Грешката во додавање на Марковски во следниот напад беше клучен за конечна победа на МЗТ Скопје.МЗТ Скопје: Петровски 18 п. Зивчевиќ 17 п. 8 ск. Пуповиќ 14 п. 6 ск.Торус: Трајковски 24 п. 8 ск. Јелисављевиќ 20 п. 12 ск.Костовски 12 п. 8 ас.Крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уапсен поранешниот претседател на Барселона

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на клубот, меѓу кои е и екс-претседателот Џосеп Марија Бартомеу.
Според овие извори, рацијата е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е покрената под сомнение дека Бартомеу профитирал од бизнис зделките кои ги правел клубот.
Наводно тој плаќал на социјалните мрежи да ја рушат репутацијата на одредени поединци. Конкретно, Бартомеу на фирмата „13VEntures“ и плаќал шест пати повеќе во однос на пазарната вредност.
Поради таа афера, полицијата веќе изврши една рација во јуни минатата година.
Покрај Бартомеу, денес биле уапсени Оскар Грау и Роман Гомес Понти.
Спорт
Петронас Јамаха го претстави новиот мотор

Екипата на Петронас Јамаха го претстави моторот за новата сезона, во Мото ГП шампионатот. Сезонава за Петронас Јамаха ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.
Претстојната сезона ќе биде трета за тимот од Малезија, во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Во односот на претходните две години, измени има во боите, главната боја, тиркизната остана, а на остантиот дел од мотоциклот доминира црната боја.
Минатата сезона, Петронас имаше подобри резултати од фабричката Јамаха. Морбидели и Фабио Квартараро забележаа шест победи. Морбидели го освои второто место во генералниот пласман.
На Морбидели оваа сезона му се приклучи неговиот ментор, легендарниот Валентоно Роси. „Докторот“, прв пат по пауза од 20 години ќе вози за приватен тим.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне од Катар на 28.март.
Спорт
Почина легендарниот фудбалер и тренер Златко Крањчар
Легендарниот хрватски фудбалер и тренер, Златко (Цицо) Крањчар, починал утрово на 65-годишна возраст, објави „Вечерњи лист“. Крањчар, починал по кратка и тешка болест во Клиничкиот болнички центар „Меркур“.
Крањчар како фудбалер во периодот од 1973 до 1991 година настапувал за Динамо Загреб, Рапид Виена и Сенкт Полтен. За овие три тима одиграл 582 натпревара, постигнал 257 гола. Во сезоната 1981/82 со Динамо стана шампион на Југославија.
За репрезентацијата на поранешна Југославија одиграл 11 натпревари, на кои постигнал три гола, а за Хрватска одиграл два натпревара и постигнал еден гол.
По завршувањето на фудбалската, ја почнал тренерската кариера, водел 20 клуба и репрезентации вклучувајќи ги Динамо, Ријека и НК Загреб, со овој тим во 2002 година стана шампион на Хрватска. Бил селектор на Црна Гора и и У23-селекцијата на Иран.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран