Спорт
Вардар стекна солидна предност пред реваншот со Решица

Ракометарите на Вардар Про, во првиот четвртфинален натпревар во Купот на победниците на куповите (КПК), забележаа победа од 28:22, во дуелот со романскиот преставник Решица.
Ракометарите на Вардар Про, во првиот четвртфинален натпревар во Купот на победниците на куповите (КПК), забележаа победа од 28:22, во дуелот со романскиот преставник Решица.
Вардарци стигнаа до посакуваната предност пред реваншот, но можат да жалат бидејќи можеа да забележат и многу поубедлив триумф. Вадар Про имаше предност во текот на целиот меч, а во 46 минута стигна и до позитива од девет голови.
Надовеза со 12 голови, шест од седмерец, и Ристовски со 12 одбрани беа најекспонирани во „црвено-црниот“ тим, на спротивната страна најдобар поединец беше голманот Антонару кој собра 14 интервенции.
Реванш натпреварот во Романија по кој ќе биде познат патникот во полуфиналето, во КПК, ќе се одигра на 2 април со почеток во 11 часот. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ибрахимовиќ: Го „златанизирав“ Стефано Пиоли
Златан Ибрахимовиќ вели дека го „златанизирал“ тренерот Стефано Пиоли, кој во Милан покажал дека е голем тренер и во исто време потврди дека нема трпение со неговите помлади соиграчи кај „росонерите“.
„Кога дојдов во јануари 2020 можеби го ‘златанизирав’ Пиоли и го направив многу повеќе како мене. Тој пристигна во Милан каде што имаше тешка атмосфера. Ако сме сега тука каде што сме, тоа е негова заслуга, бидејќи покажа дека е голем тренер. Има вистински менталитет и очекува многу од тимот, иако се работи за млади момци. Можеби има повеќе трпение од мене, но затоа е постар и позрел од мене. Тој е навикнат на ситуација во која се бори да остане во Серија А, што е многу различно од тоа да си навикнат на врвот. Сега, покажа дека е достоен за ова ниво. Мене пак, не ми е грижа. Не е важно колку години имаш, нема време за губење во Милан. Мора да играш добро сега. Ако не играм добро, Милан ќе донесе друг напаѓач и така е за секого“, вели Златан.
Спорт
Налбандијан: Доста чекате да се пензионираат, победете ги сега Новак, Рафа и Роџер

Поранешниот светски рекет број 3, Аргентинецот Давид Налбандијан, по подолго време, му се врати на тенисот по приклучувањето на тренерскиот тим на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ и признава дека морал да пребарува во куќата за да најде рекет по фокусирањето на трките со рели-автомобили и на полото (тој поседува 50 коњи за поло) по пензионирањето во 2013.
Но, сега тој вели дека го гледал финалето на Австралија опен, каде што Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев и остана зачуден од тоа како никој не може да ѝ се спротивстави на големата тројка во тенисот – Ѓоковиќ, Рафа Надал и Роџер Федерер. Налбандијан во 2007 на Мадрид опен успеа да ги победи тројцата на патот до титулата, а две недели подоцна ги победи Федерер и Надал на патот до титулата од мастерсот во Париз.
„Добрите тенисери може да ги победат. Тоа не е невозможно. Можеби е време новите тенисери да почнат да веруваат во себеси. Тие се неверојатни тенисери, но не се суперхерои. Повеќе од тенисерите чекаат тие да отидат во пензија. Јас велам: ‘Јас чекав кога играв и уште се тука’. Доста чекате, излезете и победете ги“, вели Налбандијан.
Спорт
Титулата што ја заслужи, но му избега – видеото на Меси од СП 2014 е неверојатно

Лионел Меси освои куп титули со Барселона во блескавата кариера, но барем засега успехот со аргентинската репрезентација му недостига откако ниту на светските првенства ниту на Копа Америка неговата брилијантност не е претворена во титула.
Најблиску до трофејот, секако, беше на СП во Бразил во 2014 година кога Аргентина загуби во финалето во Рио од Германија во продолженијата. Видеокомпилацијата од турнирот покажува колку добар бил тогаш Лео.
Тој беше клучен во мечот од осмина-финалето против Швајцарија, а по крајот на турнирот, ја доби „Златната топка“ иако не ја освои титулата. Во 2018 година самиот Меси призна дека секој ден размислува за поразот од Германија.
„Проверував на ‘Инстаграм’ со пијачка и видов еден момент од тоа финале. Не се сеќавав дека тоа се случи. Потоа малку гледав од мечот. Но, промашувањето во финалето, уште размислувам како ја удрив топката, како ја поставив ногата… Има моменти секој ден кога размислувам за финалето. Да замислиш, да станевме светски шампиони? Тоа ќе променеше сè за нас. Ја заслуживме титулата, но не дојдовме до неа. Тоа најмногу ме мачи“, призна тогаш Меси.
Lionel Messi, World Cup 2014
One of the best individual campaigns in football history pic.twitter.com/5rpPkoQwQY
— Ryan (@RyanDMi) February 22, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер