Спорт
Фетел победи на Алберт парк
Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел, со победа ја започна одбраната на титулата, во шампионатот на Ф1.
Најмладиот светски првак во историјата на овој спорт, победи на премиерната трка (ГН на Австралија) од 62-то Светско првенство во Ф1, која се возеше на патеката Алберт парк во Мелбурн.
Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел, со победа ја започна одбраната на титулата, во шампионатот на Ф1. Најмладиот светски првак во историјата на овој спорт, победи на премиерната трка (ГН на Австралија) од 62-то Светско првенство во Ф1, која се возеше на патеката Алберт парк во Мелбурн.
Фетел кој трката ја започна од пол-позицијата лесно се справи со конкуренцијата, и без никакви проблеми прв ја мина целта, забележувајќи ја единаесеттата победа во кариерата. Патеката во Алберт парк, Германецот ја мина за еден час, 29:30.259 минути.
Луис Хамилтон пилотот на Мекларен Мерцедес ја освои втората позиција, подиумот го комплетираше Виталиј Петров со своето Лотус Рено. За Русинот третото место во Мелбурн е најдобриот пласман во кариерата. Алонсо (Ферари) и Вебер (Ред Бул) го освоија четвртото односно петтото место.
Минатогодишниот победник Џенсон Батон (Мекларен Мерцедес) се пласира на шесттата позиција, додека одлична трка извозеа пилотите на Заубер, Кобајаши и дебитантот Перез, освојувајќи го седмото и осмото место. Бодови во Мелбурн освоија деветтопласираниот Маса (Ферари) и Буеми (Торо Росо) кој се пласира на десттото место.
Трката за ГН на Австралија не ја завршија пет болиди, од 20 колку што се појавија на стартот, целосно разочара екипата на Мерцедес, чии пилоти Михаел Шумахер и Нико Розберг не стигнаа до целта.
Шампионатот на Ф1 продолжува за две недели кога од 8 до 10 април гран при викендот ќе се вози во Малезија. /крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал го растури Бетис, Гарсија неочекуван херој
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5:1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.
Foto/ EPA/KIKO HUESCA
Спорт
(Видео) Голчиштето на Рид против Ливерпул
Харисон Рид, играчот на Фулам, во првите денови од новата година, го постигна голот на сезоната во Премиер лигата.
Во 20-то коло од Премиер лигата, Фулам го изненади Ливерпул и извлече бод на својот „Крејвен Котиџ“, натпреварот заврши 2:2.
Не изгледаше дека ќе биде така, бидејќи во 97-та минута беше 2:1 за „Црвените“, но потоа…
30-годишниот Рид, кој само пет минути претходно влезе на теренот наместо Саша Лукиќ, ја зеде топката, се намести и испрати проектил во голот на Ливерепул.
Погледнете:
Last minute of the game against Liverpool and Harrison Reed unleashed THIS ☄️
(via @NBCSportsSoccer)pic.twitter.com/1t2ahT8sKi
— B/R Football (@brfootball) January 4, 2026
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Аморим лут ја напушти прес конференцијата
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ексресно ја напушти прес-конференцијата по нерешениот резултат (1:1) против Лидс.
Манчестер Јунајтед повторно делува лошо на теренот. Без оглед на повредите и отсуствата, тимот успеа да освои само два бода против екипи како Вулверхемптон и Лидс, во последните две рунди.
Нервозата расте, се шпекулира дека исклучително е лош одосот меѓу менаџерот Аморим и директорот за фудбал на Јунајтед, Џејсон Вилкокс.
Вилкокс сака Португалецот да се прилагоди повеќе тактички на она што го има на располагање. Од друга страна, стратегот на Јунајтед наводно е разочаран што клубот нема да биде премногу активен за време на јануарскиот преоден рок.
По ремито против Лидс, Аморим се соочи со многу непријатни прашања. Тој нагласи дека
„Не се викам Томас Тухел, ниту Антонио Конте, ниту Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим и потоа демостративно ја напушти прес салата.
Foto/ depositphotos

