Контакт

Спорт

Мурињо поразен по 9 години, Реал го губи здивот

Објавено пред

По цели девет години португалскиот стратег Жозе Мурињо доживеа првенствен пораз на домашен терен, и тоа на клупата на скапиот мадридски Реал

dobivaj vesti na viber

Без разлика дали мундијалскиот хит „Вака, вака“ на Шакира заради нејзината врска со Жерар Пике од лутиот ривал Барселона и натаму ќе се пее на централниот стадион Мадрид, сигурно е дека во саботата навечер на „Сантјаго Бернабеа“ никому не му беше до песна. Тринаесеттиот тим на табелата од шпанската Примера дивизион Спортинг Хихон направи голем херојски подвиг совладувајќи го кралскиот клуб на неговото буниште, што многу ретко им успева и на многу поголеми фудбалски имиња. Тоа беше меч од отворањето на 30-то коло од шпанскиот фудбалски шампионат во кој Реал настапи без Кристијано Роналдо и Карим Бензема, но со повратникот во нападот Аргнетинецот Гонзало Игуаин кој во игра влезе во 56. минута од мечот, откако четири месеци паузираше заради операција. Навивачите очекуваа лесна победа и очекување на исходот од гостувањето на Барселона кај четвртиот на табелата Виљареал, и со овации го поздравија појавувањето на трибините на  бразилскиот ас Роналдо. Меѓутоа, помалиот баскиски клуб играше храбро и пожртвувано пред сѐ, а во 79. минута по акцијата на Начо Касес, Де лас Куевас го совлада најдобриот шпански и еден од најдобрите голамни во светот Икер Касиљас. Но треаб да се потсети дека Спортинг и во првиот дел од првенството го намачи Реал на домашен терен, кога „кралевите“ забележаа минимална победа од 1:0, а минимално беа поразени од Барселона на „Камп Ноу“ со 1:0 додека протви каталонците дома одиграа 1:1, со што ова првенство се претставија како специјалисти за измачување на гигантите.Беспреедметно е да се каже дека Реал против Спортинг имаше далеку повеќе од играта и дека шансите за постигнување гол не се добројуваат, но одбраната на астуријците правеше чуда, но и домашните фудбалери немаа свој ден. Исто така, домашните можеби имаат и причина да бидат незадоволни и од одлуката на судијата да не суди пенал откако топката погоди во раката еден играч од одбраната на гостите. Како и да е, Барселона сега со успех на гостувањето против незгодниот Виљареал, се чини, може да стави крај на незивесноста во шпанското првенство и пред одигрувањето на „Ел Класико“ на теренот на Реал Мадрид.Секако овој пораз предизвика и горчина кај Жозе Мурињо кој кон крајот на февруари заокружи девет години без пораз на домашен терен и серија од 125 домашни победи и 25 ремија. Последен пат Мурињо загубил меч пред своите навивачи на 23-ти февруари 2002 г. Во португалското првенство водејќи го шампионот Порто кој дома беше совладан од малата Беира Мар. Исто така и годинава Мурињо до овој меч имаше импозантен скор со Реал на домашен терен забележувајќи 14 победи во шпанското првенство, четири во Копа дел Реи и четири во Лигата на шампионите без ниедно реми.  Во вториот вчерашен меч, Валенсија со 4:2 го совлада Хетафе на неговиот  стадион. И овој меч ќе влезе во аналите на шпанскиот врвен фудбал, бидејќи сите четири погодоци за гостите ги постигна Роберто Солдадо во 44., 64., 66. и во 77. Минута. Хетафе инаку прв поведе во 13. минута преку Ману и Адриан Сардинеро во 88. минута го ублажи поразот. Валенсија е моментално сама на третата позиција со три бодови повеќе од Виљареал, додека Хетафе е на 14-то место со 34 бодови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хет-трик на Гидсел, повторно е најдобар во светот

Објавено пред

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел е прогласен за најдобар ракометар во светот во 2025 година во традиционалниот избор на Меѓународната ракометна федерација (IHF).

dobivaj vesti na viber

Матијас Гидсел беше избран за најдобар ракометар на годината, трет пат по ред. Тој е третиот ракометар во историјата кој е прогласен за играч на годината три пати по Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

Во 2025 година, Гидсел ја освои титулата светски шампион со данската репрезентација, а беше прогласен и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство. Тој беше и најдобар стрелец и асистент на Светското првенство.

IHF ја избра Норвежанката Хени Рејстад за најдобра ракометарка во светот во 2025 година. И таа беше прогласена за играч на годината трет пат по ред.

Таа освои злато на Светското првенство минатата година со норвешката репрезентација. Рејстад беше најдобар стрелец, а беше прогласена и за најкорисен играч (MVP) на планетарното првенство.

Португалецот Франциско Коста беше избран за најдобар млад ракометар во 2025 година, додека најдобра млада ракометарка е Фиола Лојхтер од Германија.

Во гласањето учествуваа навивачи, селекторите на националните тимови кои учествуваа на Светското првенство во 2025 година, како и членови на Комисијата за тренинг и методи на IHF.

Фото/ ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Упамекано го продолжи договорот со Баерн

Објавено пред

Дајо Упамекано го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2030 година, објави германскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Упамекано (27) пристигна во Минхен во сезоната 2021/22 од Лајпциг, а со Баерн досега освои три титули во Бундеслигата и три германски Суперкупа. Во дресот на баварскиот клуб одигра 180 натпреварувачки натпревари, постигна шест гола и запиша девет асистенции.

Генералниот менаџер на Баерн, Јан-Кристијан Дрезден, истакна дека Упамекано израснал во врвен играч во Минхен, додека членот на спортската администрација Макс Еберл нагласи дека францускиот стопер е еден од главните столбови на тимот и пример за развој на играчите во клубот.

Самиот фудбалер рече дека е среќен поради продолжувањето на соработката и дека има големи цели со тимот, со желба да освои повеќе трофеи.

Упамекано одигра 35 настапи и постигна два гола за француската репрезентација, ја освои Лигата на нации во 2021 година и беше дел од тимот што го играше финалето на Светското првенство во 2022 година против Аргентина.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Јада 83-ти, Клабо го освои осмото олимписко злато во кариерата

Објавено пред

Македонскиот репрезентаивец, Ставре Јада, го заврши своето учество на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во петокот. Јада го освои освои 83-то место во трката крос-кантри на 10 километри.

dobivaj vesti na viber

Во трката учествуваа 113 натпреварувачи, Јада ја помина целта како 83-ти, со време од 25:286,9, за 4:52,7 зад олимпискиот шампион. Ставре Јада претходно го освои 88-мо место во трката со спринт.

Златниот медал го освои кралот на овие Игри, Јоханес Хесфолт Клабо. Норвежанецот ја заврши трката за 20:36,02. Ова е негово трето злато на Игрите во Милано и Кортина, а негов осми златен медал – десетти вкупно, бидејќи Клабо има едно сребро и една бронза.

На Клабо му недостига само уште едно злато за да стане најуспешниот олимпиец во крос-кантри. Осум златни медали, и вкупно 12 олимписки медали во кариерата, освои Бјорн Дели.

Сребрениот медал му припадна на Матјас Делож, кој беше фантастичен, францускиот ас ја заврши трката 4,9 секунди зад Клабо. За дваесет и тригодишниот Французин, ова е прв олимписки медал.

Бронзата оди во Норвешка, кај Ејнар Хедегерт, кој имаше задоцнување од 14 секунди. И за него ова е првиот олимписки медал во неговата кариера.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ7 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија7 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија8 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија9 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија9 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија11 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет11 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет11 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа12 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет12 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет12 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа12 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион22 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија22 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...