Спорт
Хамилтон на Ф1 трката во Кина
Возачот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на третата трка во шампионатот на Ф1, Големата награда на Кина, која се возеше на патеката во Шангај
Младиот Британец Луис Хамилтон до 15-та победа во кариерата, втора во Кина, стигна со вкупно време од 1:36:58.226 часа, зад себе тој го остави актуелниот светски првак, и победник на првите две трки во сезоната, Себастијан Фетел. Фетел кој стартуваше од пол позицијата во текот на трката не можеше да се справи со одлично подготвениот болид на Хамилтон, уште на стартот Германецот ја загуби лидерската позиција од Џенсон Батон и Хамилтон. Во понатамошниот тек на трката стратегијата на „Мекларен“ со три застанувања во боксот, наспроти двете на Фетел и „Ред Бул“ се покажа како поуспешна.Покрај Хамилтон и Фетел место на подиумот обезбеди и Марк Вебер од „Ред Бул“ кој извозе фантастична трка. Австралиецот стартуваше од 18-та позиција и со извонредно возење на кајот стигна до позицијата број три. Бодови во Шангај уште освоија Џенсон Батон (Мекларен Мерцедес), Нико Розберг (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), Фернандо Алонсо (Ферари), Михаел Шумахер (Мерцедес), Виталиј Петров (Рено) и Камуи Кобајаши (Заубер).„Му благодарам на тимот за одличната работа, ова беше можеби најдобрата трка која сум ја извозел во мојата кариера. Успеав да ги сочувам пневматиците до самиот крај и така да стигнам до победата“, рече по трката победникот Луис Хамилтон. Себастијан Фетел го задржа водството во Генералниот пласман, тој сега има 68 бодови, 21 повеќе од второпласираниот Хамилтон, трет со 38 бода е Џенсон Батон, бод помалку на четвртото место има Марк Вебер. Во конкуренција на конструктори „Ред Бул“ е лидер со 105 бодови, 85 има „Мекларен Мерцедес“, додека третопласиран со 50 бодови е „Ферари“. Шампионатот во Ф1 ќе продолжи на 7 мај кога на програмата е Големата награда на Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

