Спорт
За Роналдо важен е секој гол
Португалската фудбалска ѕвезда Кристиано Роналдо кој настапува за шпанскиот гигант Реал Мадрид, во средата навечер во 4-то коло од Лигата на шампионите за својот клуб во Лион ги постигна двата гола за победата од 2:0.
Португалската фудбалска ѕвезда Кристиано Роналдо кој настапува за шпанскиот гигант Реал Мадрид, во средата навечер во 4-то коло од Лигата на шампионите за својот клуб во Лион ги постигна двата гола за победата од 2:0.Со овие два гола, Роналдо дојде до бројката од 100 постигнати голови во дресот на Реал Мадрид во 105 одиграни натпревари. Во шпанското фудбалско првенство за „кралевите“ постигна 76 голови во Лигата на шампионите 16, седум во Купот на Кралот и еден во шпанскиот Суперкуп. „Не очекував дека така брзо ќе дојдам до бројката од 100 голови во дресот на Реал. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите и на тренерот што ми помогнаа да станам уште подобар, бидејќи секој гол е важен“, рече Роналдо. По четирите кола и четвртата победа во серија од Групата Д од годинешниот циклус натпревари во Лигата на шампионите, Реал си обезбеди пласман во осминафиналето. Од 10-те голови што ги постигнаа мадриѓаните досега, Роналдо постигна три и забележа две асистенции. „Игравме одлично против тешкиот противник. Со победата во Лион си обезбедивме пласман натаму и сега сме мирни“, додаде Роналдо. Роналдо, инаку по сезони откако го носи дресот на Реал го има следниот учинок: Во сезоната 2009/10 постигна 33 голови од 35 меча, и тоа 26 од 29 во првенството и 7 од 6 натпревари во Лигата на шампионите, додека во Кралскиот куп и во Суперкупот не настапи. Во сезоната 2010/11 вкупно постигна 53 голови од 54 натпревари, и тоа 40 погодоци од 34 мечеви во првенството на Шпанија, 7 голови од 8 мечеви во Кралскиот куп, во Суперкупот не настапи и постигна 6 голови во 12 натпревари од Лигата на Шампионите. Сезонава во Ла Лига во 10 натпревари постигна 10 голови, во Кралскиот куп во 8 мечеви даде 7 голови, во Лигата на шампионите во 4 мечеви – 3 гола и во двата меча од Суперкупот постигна еден погодок. Или вкупно 76 голови од 73 првенствени натпревари, 7 голови од 8 мечеви во Кралскиот куп, 16 голови од 22 меча и 2 гол од 2 натпревара, односно за три и пол сезони 100 голови во 105 натпревари./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

