Спорт
Савичевиќ: Крањчар го сменивме поради проблемите со алкохолот
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, проговори за прекинот на соработката со Златко Крањчар. Хрватскиот стручњак доби отказ на функцијата на две кола до крајот на квалификацискиот циклус, за пласман на Европското првенство.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, проговори за прекинот на соработката со Златко Крањчар. Хрватскиот стручњак доби отказ на функцијата на две кола до крајот на квалификацискиот циклус, за пласман на Европското првенство. Савичевиќ за ТВ Вјести го потврди она што се шпекулираше во јавноста – дека Крањчар има проблеми со алкохолот. „Тој ги имаше тие проблеми, тоа речиси сите го знаат. Тој има проблем кој ние се обидевме да го сокриеме, проблем со алкохолот. Не го донесов тутку така, ме измамија луѓето со кои контактирав, ми рекоа дека тоа и не е толку голем проблем. Но доколку вие тој проблем го имате во 10 наутро, во 4 попладне и во 10 навечер, тоа навистина е голем проблем. Фудбалскиот сојуз на Црна Гора не го смени без причина, проблемот постоеше од самиот почеток, имавме многу разговори на таа тема, на крај ја донесовме и неговата сопруга да биде со него… Да не навлегувам во детали за забраната за точење на алкохол по хотелите. Се обидовме да сториме сè, тој беше мирен додека не ги постигна резултатите“, изјави Савичевиќ. Поранешната фудбалска ѕвезда на Црвена звезда и Милан појасни дека по хотелите каде што одседнувале репрезентативците од менаџерите било барано да се забрани точење на алкохол. Савичевиќ потврди дека и покрај неуспехот во баражот за пласман на Европското првенство, Бранко Брновиќ ќе остане на селекторската функција. крај/index.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

