Спорт
Манчестер Јунајтед остана без половина тим

Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед Џони Еванс веќе е единаесеттиот фудбалер на „Црвените ѓаволи“ кој е надвор од тимот заради повреда или болест.
Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед Џони Еванс веќе е единаесеттиот фудбалер на „Црвените ѓаволи“ кој е надвор од тимот заради повреда или болест.Еванс во мечот со Виган го повреди мускулот на десната нога, поради што ќе паузира најмалку две недели.На листата повредени се Рио Фердинанд, Немања Видиќ, Мајкл Овен, Андерсон, Том Клеверли, Фабио и Ешли Јанг. Дарен Флечер веќе подолго време боледува од хронична инфекција на цревата, додека Фил Џонс и Крис Смалинг имаат проблем со вироза.„Останавме без половина екипа. Никој не очекуваше дека ќе имаме толку проблеми со повредите. Нè очекува кошмар во следните кола“, изјави менаџерот на актуелниот англиски шампион Алекс Фергусон.Манчестер Јунајтед во моментот го дели првото место на табелата со градскиот ривал Манчестер Сити. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: „Златната топка“ е за Бензема, убаво е Барса да биде силна

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез искажа задоволство од најновиот трофеј на „кралскиот клуб“. Синоќа тимот на Карло Анчелоти го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.
„Лани имавме успешна сезона и овој Суперкуп многу не радува затоа што може да биде најава за нови успеси во сезоната што е на прагот. Анчелоти одлично го води тимот и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Бензема е незапирлив и нема сомнение дека ја заслужи Златната топка“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на „кралскиот клуб“ имаше убави зборови и за големиот ривал Барселона.
„Барселона е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво. Тоа ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.
Спорт
КК Пелистер го доведе Американецот Рајл Овенс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона. Нов член на клубот е Американецот Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.
Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари Двојаковски, Јовановски и Ристевски.
Битолскиот тим оваа сезона ќе настапува и во втората по ранг конкуренција во АБА.
Спорт
Кирјос го елиминира Медведев на стартот на Мастерсот во Монтреал

Австралиецот Ник Кирјос го совлада Русинот Данил Медведев со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:2) на стартот на Мастерсот во Монтреал. Двајцата тенисери одлично сервираа во првиот сет, Кирјос го имаше единствениот брејк и сет поен при 5:4, но Медведев го спаси. Победникот во првиот сет беше решен со тај-брејк во кој подобар беше светскиот тенисер број еден кој на Австралиецот му дозволи само два поени.
Кирјос подобро го започна вториот сет и стигна до брејк на стартот. До крајот на сетот, финалистот на Вимблдон го сочува својот сервис и стигна до израмнување во сетови.
Кирјос го направи првиот брејк и во третиот сет освојувајќи го петтиот гем, но Медведев возврати. Сепак, Австралиецот направи нов брејк и го комплетираше мечот.
Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска убедливо ја елиминира Австралијката Ајла Томљановиќ со 6:1, 6:2 на турнирот во Торонто. Чешката тенисерка Каролина Плишкова се пласираше во осминафиналето на турнирот во Торонто, откако во два сета, со 6:1, 6:1 ја совлада Американката Аманда Анисимова.