Спорт
Шведска е првиот предизвик за ракометната репрезентација
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство, чии домаќин е Србија. Во салата „Чаир“, противник на избраниците на селекторот Звонко Шундовски, ќе биде селекцијата на Шведска.
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство, чии домаќин е Србија. Во салата „Чаир“, противник на избраниците на селекторот Звонко Шундовски, ќе биде селекцијата на Шведска.
Репрезентацијата на „Трите круни“ е противник со најдобро педигре, од репрезентациите со кои нашата селекција ќе се сретне во Б групата. Швеѓаните, имаат осум учества на Европските првенства, на кои четири пати (1994, 1998, 2000, 2002) ја освојувале титулата. Во досието на шведската селекција стои дека тие имаат уште четири златни, три сребрени и четири бронзени медали од Светските првенства и три сребрени медали од Олимписките игри.
Но сепак Шведска, од 2002 година нема медал на големите натпреварувања, на последното Европско првенство тие го освоија 15-то место. Ангажманот, на селекторската позиција, на некогаш славните ракометари, Ола Линдгрен и Штафан Олсон, кои ја подмладија селекцијата, резултираше со освојување на четвртото место на Светското првенство, кое се одржа минатата година.
Сепак прогнозите и предвидувањата се дека Шведска нема да може да го повтори овој резултат, селекторскиот двоец се соочи со проблеми, откако поради проблеми настапот на Еуро 2102 го откажаа десниот бек Оскар Карлен и левото крило Јонас Калман.
Движечка сила на селекцијата на Лингрен и Олсон, се Никлас Екберг, Ким Ектал Ду Риц, Далибор Додер, голманот Јохан Сјострад и секако еден од најдобрите десни бекови на светот Ким Андресон. Проекциите на Швеѓаните пласман на едно од местата кои водат на предолимпискиот турнир.
Место на предолимпискиот турнир ќе бркаат и македонските ракометари. Шеснаесмината на селекторот Шундовски, полни со оптимизам стигнаа во Ниш, најавуваат победа во стартниот натпревар и не се оптоварени со рејтингот, Македонија е најслабо рангирана од сите учеснички на континенталниот собир.
Репрезентативците веруваат дека мечот со Шведска, во голема мерка може да го одреди понатамошниот тек на Македонија на ова ЕП. Сите се согласни дека Шведска ќе мине во втората фаза, затоа два бода од овој дуел се исклучително важни.
Одбраната, треба да биде главниот фактор во нашата игра, доколку на вистински начин профункционира зоната 6-0, тогаш навистина не е лесно да се игра против Македонија. Јасни се и опциите и во нападот, Кире Лазаров е нашето најсилно оружје, но вниманието кое противникот ќе го насочи кон него, сигурно е дека ќе го користат пред сите Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски, доколку во играта „учествуваат“ и крилните напаѓачи, тогаш успехот нема да изостане.
Она на што Македонија, вечерва ќе треба да обрне посебно внимание е „брзиот центар“ кој практикува да го игра Шведска.
Македонија, на Еуро 2012, по втор пат ќе учествува на европските првенства, мечот со Шведска ќе биде можност да се забележи првата победа на овие шампионати. На ЕП во Италија, во 1998 година, Македонија загуби на пет натпревари, а еден одигра нерешено.
Дуелот Македонија-Шведска ќе започне во 19:30 часот, претходно, од 17:20 часот, во нашата, Б група, натпреварот Германија-Чешка ќе го отвори Европското првенство. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.
Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos

