Спорт
Бронза за Илиевска во Париз
Македонската каратистка Наташа Илиевска освои бронзен медал на првиот турнир од „Светската 1 Премиер Карате Лига“ во Париз.
Македонската каратистка Наташа Илиевска освои бронзен медал на првиот турнир од „Светската 1 Премиер Карате Лига“ во Париз.
Во првото коло таа рутински ја победи Фереира Летиција од Луксембург со резултат 2-0. Во второто коло за противничка ја имаше преставничката на Eквадор Фактос Жаклин. Тој натпревар заврши со победа на Наташа 2-1, додека во третото коло се сретна со Сами Маева од Франција и натпреварот заврши нерешено 0-0. Потоа, со изјаснување на судиите конечниот резултат на натпреварот беше 3-2 во корист на Французинката.
Со тоа, Илиевска ја комплетираше својата колекција на освоени медали од најелитните интернационални турнири и натпревари. Покрај во Париз, таа досега има освоено медали на натпреварување во Милано, Ротердам, Салцбург, Истанбул, Цирих, Пекинг, Загреб, Кордоба, Хамбург и други градови.
„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат, секако дека Наташа Илиевска има квалитети и форма за да биде и прва, но во спортот секогаш не победува најдобриот, неизвесноста трае до крај. нИе на овој турнир заминавме со една единствена цел да бидеме високо пласирани од седмо до петто место или пак да освоиме еден од медалите. Очекувањата ги реализиравме и затоа сме пресреќни. Генерално комплетната наша експедиција се покажа како многу добро подготвена искусна и модерно дотерана репрезентација, ние и овој пат како и многу пати до сега достојно ја афирмиравме нашата држава и спорт и со освојувањето на Бронзениот медал две седми места и еден висок пласман на петата позиција, веќе првиот ден покажавме дека не случајно во последно време сме една од најреспектабилните селекции“, изјави тренерот Бошко Заборски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.
Спорт
Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси
Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.
„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.
Спорт
Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР
Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.
ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.
Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.
„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.