Спорт
Јуве не успеа дома да го совлада Каљари
Фудбалерите на Јувентус во 18-то коло од италијанската Серија А на домашен терен не успеаја да го совладаат Каљари (1:1), но пред вечерашното дерби меѓу Милан и Интер сѐ уште се на врвот на табелата.
Фудбалерите на Јувентус во 18-то коло од италијанската Серија А на домашен терен не успеаја да го совладаат Каљари (1:1), но пред вечерашното дерби меѓу Милан и Интер сѐ уште се на врвот на табелата.Јувентус поведе многу рано, уште во 7 минута преку Мирко Вучиниќ, но неговите фудбалери беа шокирани од погодокот на Коса на почетокот од второто полувреме (48 минута), па до крајот на натпреварот пропуштија многу можност да дојдат до победата. Јуве останува на правата позиција со 38 бодови, еден повеќе од вториот Милан кој има и меч помалку. Каљари, пак, привремено е на 10-то место со 22 бода. И третопласираниот Удинезе во неделата не се прослави, но одигра многу интересен меч кај Џенова која славеше со 3:2. Удинезе поведе во 13 минута преку Феронети, но во второто полувреме Гранквист во 49, Јанковиќ во 50 и Паласио во 70 минута направија пресврт донесувајќи сигурно водство за Џенова, а гостите успеаја само да намалат во 75 преку пенал што го реализираше Ди Натале. Удинезе остана на третата позиција со 35 бодови, додека Џенова се искачи на 8-та позиција.Изненадување претставува и домашниот пораз наФиорентина од досегашниот фенерџија Лече (0:1), со голот што во 66 минута од пенал го постигна Ди Микеле. Со овие три бода Лече ја мина Новара на последното место, а и двата тима имаат освоено по скромни 12 бодови. Фиорентина остана на 13 место со 21 бод.Лацио многу полесно од очекуваното со 2:0 на својот стадион „Олимпико“ ја совлада Аталанта, со головте на Хернанес во 20 минута од пеналот и Клосе во првата минута од судиското продолжување. Лацио се зацврсти на 4-то место со 33 бодови, а Аталанта е на 15-то место со 20 бодови.Во дербито на екипите на кои им е загрозен опстанокот во најсилната италијанска фудбалска лига, Чезена славеше со 3:1 против Новара која по поразот и неочкуваниот успех на Лече, сега падна на последното место со 12 бодови, додека Чезена е 18-та со 15 бодови, три помалку од 17-та Болоња којашто е на место што носи опстанок. Головите ги постигнаа Муту во 20 и 39 минута од пенал а Рунаудо си постигна автогол во 45 минута за сигурно водство на домашните, додека, гостите го постигнаа почесниот погодок преку Моримото во 89 минута. Киево во Верона со голот на Самарко во 50 минута го совлада Палермо, доаѓајќи на 9-то место со 23 бодови, додека Палермо е 14-то со 21 бод.Парма со головите на Биабиани во 24, Валиано во 66 и Џовинко во 90+4 минута ја совлада Сиена за којашто погдокот го постигна Гроси во 80 минута. Парма е 12-та со 22 бода, а Сиена е16-та со 18 бодови.Вечерва колото ќе го затворат големите градски ривали Милан кој се бори да избие на чело на Серија А, и Интер кој со победа може да му се доближи на 4-от Лацио на само еден бод разлика. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.