Спорт
Алушовски: Колективот може да ја победи Германија
Ракометната репрезентација на Македонија, по слободниот ден, вечерва, ќе го одигра натпреварот од второто коло на Еуро 2012.
Ракометната репрезентација на Македонија, по слободниот ден, вечерва, ќе го одигра натпреварот од второто коло на Еуро 2012. Противник на македонските ракометари ќе биде Германија, која на стартот загуби од Чешка со 24:27, додека Македонија против фаворитот Шведска освои бод, играјќи 26:26. Највозрасниот во нашиот тим, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој на премиерата на Еуро 2012, со седум гола, заедно со Кире Лазаров беше најефикасен во нашиот тим, потенцира дека за пласман во следната рунда клучни ќе бидат следните две средби. „Уште пред почетокот на првенството реков дека нашата шанса ќе ја бараме на натпреварите со Чешка и Германија. Секој натпревар е историја сам за себе, ние успешно стартувавме, бидејќи Шведска, според сите ракометни стручњаци беше фаворит. Очекувам добра игра и против Германија и против Чешка“, вели крилото на Металург. Поразот од Чешка, Германците ги става во позиција да мораат да победат, доколку сакаат да се надеваат на влез во следната рунда, пораз за нив ќе значи враќање дома. „Математики ќе постојат до крајот, но ние на секој натпревар ќе одиме на победа. Дали со победа над Германија ќе обезбедиме пласман и ќе ги елиминираме нив, или со победа над Чешка ќе се пласираме понатаму, останува да видиме. Можеби победа над Чешка нема да биде доволна за да се оди во вториот круг, но тоа се математики кои не би требало да се прават се додека не се одиграат натпреварите. Искрено, се надевам на добра игра и добар резултат и против Германија и против Чешка“, рече Алушовски. Според него, Германија е квалитетна репрезентација составена од играчи кои играат во најдобрите клубови во Бундес лигата, но е репрезентација која може да се победи со колективна игра. Вечерашниот дуел помеѓу Македонија и Германија ќе започне во 18:15 минути, потоа својот меч ќе го одиграат Шведска и Чешка. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

