Спорт
Антиќ и Олимпијакос немоќни против ЦСКА

Перо Антиќ со пораз, а натурализираните Македонци Лестер Бо Мекејлеб и Мајк Вилкинсон со победа ги започнаа натпреварите од Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.
Перо Антиќ со пораз, а натурализираните Македонци Лестер Бо Мекејлеб и Мајк Вилкинсон со победа ги започнаа натпреварите од Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига. ЦСКА Москва, во Атина, ја продолжи победничката серија во Евролигата, со гостинската победа над Олимпијакос од 78:86. Перо Антиќ за нешто повеќе од 17 минути, постигна 13 поени. Капитенот на македонската репрезентација беше втор стрелец во својот тим, тој уфрли поен помалку од Гечевициус. ЦСКА мечот во своја полза го прекрши во третата четвртина, до 11-та евролигашка победа „армејците“ ги предводеше Крстиќ со 18 поени. Лестер Бо Мкејлеб, заедно со Дејвид Андерсон го предводеа тимот на Монтепаски до победата на Билбао од 81:67. Плејмејкерот на македонската репрезентација реализира 18 поени, на кои придодаде по два скока и асистенции.Уникс на Вилкинсон направи голем пресврт против Фенербахче и забележа победа од 76:71. Рускиот тим во вторито дел надополни негатива од 17 поени, а во големата победа Вилкинсон имаше скромен учинок од 3 поени и 7 скока. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.
Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.
Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.
Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.
Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб.
На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони евра.
Феенорд претходно одби две понуди од Марсеј, првата од 16 милиони евра и втората од 28 милиони евра. Феенорд ја прифати третата понуда од 35 милиони евра.
Марсеј претходно ги доведе Анхел Гомес од Лил, како и Си Џеј Еган-Рајли од Барнли и Факундо Медина од Ленс.
Во меѓувреме, враќањето на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во клубот се очекува да се случи во наредните денови.
Паишао одигра 47 натпревари за Феенорд минатата сезона со 18 гола и 14 асистенции. Неговата примарна позиција е лево крило, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред.
Тој пристигна во Холандија во летото 2022 година, а претходно играше за Коритиба и неговиот матичен клуб Лондрина.
Фото/ Принскрин
Спорт
Родриго го одбил Тотенхем

Челниците на Тотенхем побарале и добиле дозвола од Реал Мадрид да отворат преговори со крилниот напаѓач Родриго. Бразилецот е отворен за сорабптак со друг клуб, но Тотенхем не е во неговите планови.
Актуелниот освојувач на Лига Европа сакаше да ја искористи можноста и да донесе капитално засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, но веднаш стана јасно дека ништо нема да произлезе од тоа.
Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ја информираше јавноста дека Тотенхем се распрашувале за неговата цена, а потоа брзо се отрезниле. Поранешниот играч на Сантос сака да се докаже во „поголем клуб од Тотенхем“.
Од почетокот на преодниот рок се споменуваше дека следната станица во кариерата на крилниот напаѓач би можеле да бидат Арсенал и Ливерпул, кои, со заминувањето на Дијаз во Баерн, ослободија место на позицијата лево крило ги обезбедија потребните пари за 24-годишникот од Сао Паоло.
Родриго пристигна во „кралскиот клуб“ од својата татковина во 2019 година, во трансфер вреден 45.000.000 евра. Оттогаш, во 270 настапи, постигна 68 гола и забележа 51 асистенција. Освои две Лиги на шампиони, како и три титули во шпанското првенство.
Foto/ „X“