Спорт
Реакции на Мурињо и на Гвардиола
Навивачите на Реал Мадрид со свирежи ги испратија своите фудбалски миленици, по најновиот во серијата порази на свој терен од најголемиот ривал Барселона, овојпат во првиот четвртфинален меч за Купот на Кралот, но тоа воопшто не го загрижува тренерот на „кралевите“, Жозе Муруињо.
Навивачите на Реал Мадрид со свирежи ги испратија своите фудбалски миленици, по најновиот во серијата порази на свој терен од најголемиот ривал Барселона, овојпат во првиот четвртфинален меч за Купот на Кралот, но тоа воопшто не го загрижува тренерот на „кралевите“, Жозе Муруињо.„Свесен сум што се случуваше на трибините, но се трудам тоа да не го слушам, ниту пред, ниту по натпреварот“, изјави португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо, по натпреварот кој на мадридскиот фудбалски храм „Сантјаго Бернабеу“, неговите фудбалери го загубија со 1:2.Со оваа победа Барселона направи сериозен исчекор кон пласманот во полуфиналето, и атакот на титулата во популарниот Копа дел Реи, кој минатата година го освои Реал, кој пак сега е во водство на првенствената табела.Тоа беше деветти „Ел Калсико“ откако Мурињо е на клупата на Реал, но освен еден успех тој не може да ја пронајде формулата со којашто ќе го надитри Хосеп Гвардиола. Под водството на Португалецот мадриѓаните остварија само една победа, петпати славеа Каталонците, а три меча завршија без победник. „Кога ќе победите, заслуга имаат многумина, но кога губите само е еден виновникот – тренерот. Ја преземам вината за овој пораз. Што се однесува до критиките на сметка на Кристиано Роналдо, тие целосно не се поткрепени со аргументи и сметам дека тој беше нашиот најдобар играч“, изјави за шпанските новинари по мечот Мурињо. Неспортскиот потег на Пепе кој откако имаше многу остар одмазнички старт врз Лионел Меси подоцна во друга прилика намерно ја нагази раката на соборениот на тревникот Аргентинец, Мирињо едноставно не го видел. „Пепе одработи одлична работа за екипата, но спорната ситуација не ја видов. Ако тоа е точно, дека намерно го згазил Меси, тогаш за тоа веројатно ќе биде казнет“, додаде тренерот на Реал. Ова беше продолжеток на успешната серија на Барселона на „Санјтаго Бернабеу“, каде седми пат по ред остануваат непоразени. „Тоа е голема работа, звучи нереално, но јас сум свесен дека и на тоа еднаш ќе му дојде крајот, тешко е да се игра на Бернабеу“, изјави тренерот на „каталонската гордост“, Пеп Гвардиола. Тој посебно го пофали напаѓачот Алексис Санчез. Посебно сакам да му се заблагодарам на Санчез, одигра фантастичен натпревар и го освои моето срце. Се жртвуваше за екипата и ќе биде уште подобар кога потполно ќе се вклопи во нашиот систем на игра. Со неговото доведување направивме голема работа, тој е одличен играч и е многу скромен“, рече Гвардиола./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.
Спорт
Дали Роналдо ќе биде подготвен за Светското првенство?
Легендарниот португалски ас Кристијано Роналдо, според британските медиуми, би можел да го пропушти Светското првенство во 2026 година по повредата здобиена за време на викендот.
Напаѓачот на Ал Наср се повреди на натпреварот од Саудиската професионална лига против Ал Фајха, кој неговиот тим го доби со 3:1. Роналдо го напушти теренот во 81-та минута, откако сигнализираше на клупата дека има проблем со мускулите.
Пред да го напушти теренот, португалскиот ветеран промаши пенал при резултат 0:0.
Тренерот на Ал Наср, Жорж Жезус, потврди по натпреварот дека Роналдо ќе биде подложен на итни медицински прегледи.
„Роналдо почувствува мускулен замор, а медицинскиот тим веднаш ќе ги изврши потребните тестови за да ја утврди неговата состојба“, рече Жезус.
Според весникот „Сан“, се зголемуваат стравувањата дека посериозна повреда би можела да го загрози настапот на Роналдо на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Роналдо (41) сака да влезе во историјата и да стане првиот фудбалер што ќе игра на шест Светски првенства. Тој играл на секое Светско првенство од 2006 година и е во елитно друштво со пет настапи, меѓу кои се Лионел Меси, Лотар Матеус, Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафаел Маркез.
Доколку се опорави на време, Португалија ќе го игра првиот натпревар на турнирот на 17 јуни против победникот од плејофот во кој учествуваат Нова Каледонија, Јамајка и ДР Конго. Во групната фаза ги очекуваат дуелите против Узбекистан и Колумбија.
Foto/ depositphotos

