Спорт
Сити и Јунајтед победија во дерби мечевите
Лидерот во англискиот фудбалски шампионат Манчестер сити и актуелниот шампион и негов најлут ривал Манчестер јунајтед славеа во двата дерби меча од 22-то коло на Премиершип.
Лидерот во англискиот фудбалски шампионат Манчестер сити и актуелниот шампион и негов најлут ривал Манчестер јунајтед славеа во двата дерби меча од 22-то коло на Премиершип. Мачестер сити на својот стадион го победи Тотенхем со 3:2, и тоа со погодокот во четвртата минута од судиското продолжување, откако првото полувреме беше одиграно без голови. Сити поведе преку Самир Насри во 56 минута, а во 59-та Џолион Лескот го зголеми водството на домаќините. Но веќе една минута подоцна Џермејн Дефо намалува на 2:1 а Гарет Бејл со одличен удар од 20-ина метри во 65 минута го изедначи разултатот. Во самиот финиш од мечот лондонските „спарси“ можеа да направат целосен пресврт, но Дефо не релизираше стоотстотна можност. Фудбалското правило беше задоволено и казната стигна во судиското продолжување кога Ледли Кинг во својот шеснаесетник го собори Марио Балотели кој го реализираше пеналот. Во Лондон Арсенал не ги исполни најавите за одмазда за катастрофата што во првиот дел ја доживеа на „Олд Трафорд“ (0:8). Манчестер јунајтед повторно беше подобар, овојпат многу поскромно, со 2:1. Стрелци на „Емирати“ беа Анотнио Валенсиа во 45 и Дени Велбек во 81 минута за Јунајтед, а за „топчиите“ привремено изедначување постигна Робин ван Перси во 71 минута. Така , имајќи го предвид и вчерашното реми на Челзи кај Норвич сити (0:0), ништо не се измени во редоследот на врвтот од превенствената табела. Манчестер сити е прв со 54 бодови, Манчестер јунајтед е втор со 51 бод, следуваат Тотенхем со 46, Челзи со 41 и Арсенал со 36 бодови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

