Спорт
Денот „Д“ за македонските ракометари на Еуро 2012
Македонските ракометари, вечерва, против домаќинот Србија ќе го одиграат последниот натпревар во четврфиналната Група 1.
Македонските ракометари, вечерва, против домаќинот Србија ќе го одиграат последниот натпревар во четврфиналната Група 1. Овој натпревар, без оглед како ќе завршат претходните два натпревари, ќе даде одговор на многу прашања, кои се поставуваат деновиве, околу тоа дали Македонија може да избори директен пласман на Олимписките игри, или пак патот до Лондон ќе го бара низ квалификациски турнир. Најдобра варијанта, за нашите ракометари е онаа која е најтешка: Шведска да ја совлада Данска, Полска да ја победи Германија, но не со поголема предност од два гола и логично, Македонија да ја победи Србија, тогаш „црвено-жолтите“ би биле полуфиналисти. Колку и да изгледа „луда“ оваа комбинација, таа е остварлива, но проблемот е скандинавската пресметка, огромна е веројатноста дека Шведска нема да и пружи отпор на Данска. За потсетување, колку добри комшиски односи имаат овие две земји, присетете се на ЕП во фудбал кое се одигра во Португалија. Тогаш Данска и Шведска со единствениот резултат 2:2, што им одговараше, ја елиминираа Италија. Што ќе се случи доколку не се оствари првото сценарио, односно не се пласираме во полуфиналето. Тогаш Македонија ќе брка пласман на еден од трите квалификациски турнири, каде Европа има уште две места. Од европските репрезентации место во квалификациите за Лондон имаат обезбедено Хрватска, Данска, Шпанија, Исланд, Унгарија и Шведска. Значи покрај Македонија, од учесниците на Еуро 2012 место во предквалификациите бркаат Германија, Србија, Полска и Словенија. Најдобрата варијанта за нашите ракометари е Србија или Германија да ја освојат европската титула (шампионот на Европа директно патува на олимпијадата), а во конечниот пласман да бидат пред Полска и Словенија. Математики и комбинации има доста, а како се ќе се заврши ќе биде јасно вечерва нешто по 21:30 часот кога Македонија и Србија ќе го завршат својот натпревар. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

