Спорт
Ериксон: Англичаните треба да ме изберат мене за селектор
Шведскиот фудбалски стратег, Свен Ериксон, смета дека, токму тој треба да биде новиот селектор на репрезентацијата на Англија, бидејќи, како што вели, добро ги познавал сите играчи.
Шведскиот фудбалски стратег, Свен Ериксон, смета дека, токму тој треба да биде новиот селектор на репрезентацијата на Англија, бидејќи, како што вели, добро ги познавал сите играчи.„Треба да ме изберат мене, ги познавам и младите и старите играчи. Пол Сколс би се вратил во репрезентацијата. Вејн Руни е неверојатен, а има само 26 години. Меѓутоа нема да ме изберат, од проста причина што медиумите и ФА на тоа ќе гледаат како на чекор наназад“, изјави Швеѓанецот за „Daily Telegraph“. Ериксон изјави дека Хари Реднап би требало репрезентацијата да ја превземе по завршувањето на Европското првенство. „Хари не би требало да ја превземе репрезентацијата пред Европското првенство, нема да има доволно време да го состави тимот, со оглед на тоа што сега е сконцентриран на Тотенхем“. Ериксон, беше селектор на Англија во периодот од 2001 до 2006 година, „Гордиот Албион“ под негово водство играше две четвртфиналиња на Светските првенства во 2002 и 2006 година и четвртфинале на Европското првенство во 2004 година. крај/dt/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

