Спорт
НБА: Победи на Оклахома и Чикаго, нов пораз на ЛА Лејкерс

Минатосезонскиот МВП, на регуларниот дел од сезоната, Дерик Роуз, ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која беа одиграни 13 натпревари.
Минатосезонскиот МВП, на регуларниот дел од сезоната, Дерик Роуз, ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која беа одиграни 13 натпревари. Роуз, го постигна победоносниот кош, со кој Чикаго забележа победа во Милвоки од 106:104. Роуз натпреварот го заврши со 30 поени, 11 асистенции и 8 скока, на неговиот ефект се надоврза и центарот Жоакин Ноа со 20 поени и 10 скока. Милвоки во поразот го предводеше Ерсан Иљасова со 32 поени и 10 скока, додека Дру Гуден уфрли 27 поени. Окалхома продолжи со одличните игри, Тандерс го совладаа Феникс со 115:104, благодарение на четворица кошаркари Вестбрук-Дурент-Харден-Ибака, кои заедно искомбинираа 109 поени. Вестбрук постигна 31, Дурент 30, а Харден, кој сериозно ја истакнува кандидатурата за најдобар шести играч постигна 30 поени, додека Ибака оствари двоен ефект од 18 поени и 20 скока. Мајами, во дербито на истокот ја совлада Атланта 89:86, Леброн Џејмс со 31 поен и 11 скока беше најекспониран играч на натпреварот. ЛА Лејкерси уште еднаш покажаа дека сезонава играат исклучително лошо на гостински терен, откако загубија во Вашингтон со 106:101. Коби Брајант постигна 30 поени, а по 19 уфрлија Ендрју Бајнам и Пау Гасол, додека Вашингтон до деветата победа во сезоната го предводеше Ник Јанг со 19 поени. ЛА Лејкерс, сезонава, на гостински терен имаат ефект од 10 победи и исто толку порази. Тимската игра на Сан Антонио повторно беше клучна за овој тим да стигне до победа, овој пат над Њујорк од 118:105. Седуммина кошаркари на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Паркер со 32, додека Данкан и Џинобили постигнаа по 17 кошеви. Најефикасни кај Никси беа Ентони со 27 и Лин со 20 поени. Катастрофален пораз во Филаделфија од 101:73 доживеа Бостон. Филаделфија ја предводеше Еван Тарнер со 26 поени и 12 скока. На другите натпревари:Шарлот-Јута 93:99Торонто-Хјустон 116:98Минесота-Портланд 106:94Њу Џерси-ЛА Клиперс 101:100Денвер-Кливленд 99:100Сакраменто-Њу Орлеанс 99:98Голден Стејт-Мемфис 92:110. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.