Спорт
Реакции за играта на Меси: Најдобар, вонземјанин, чудовиште…

Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, со својата игра против Баер Леверкузен, се погрижи насловите на светските медиуми да бидат наменети за него, а не за големата победа на Барселона од 7:1.
Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, со својата игра против Баер Леверкузен, се погрижи насловите на светските медиуми да бидат наменети за него, а не за големата победа на Барселона од 7:1. Меси во победата на својот тим постигна пет гола, со што стана првиот играч во историјата на елитното натпреварување кој „активира петарда“ на еден натпревар. Тренерот на Баер Леверкузен, Робин Дут и’ ја честиташе победата на Барселона, со констатација дека „Меси направил толку многу за Барса да изгледа како да е од некоја друга галаксија“. Одушевувањето не можеше да го сокрие ниту еден од најдобрите светски напаѓач, Вејн Руни, кој на својот профил на Твитер напишал „Тој едноставно е најдобар“. Комплиментите за Меси пристигнуваат од сите страни, а легендарниот Ривалдо изјави дека „ФИФА на Лео треба да му додели уште еден трофеј за најдобар играч на светот“. Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фалкао, напишал дека не му било јасно што гледал во средата навечер. „Дали тоа беше натпревар од Лигата на шампиони или партија фудбал на Плејстејшн? Необјасниво.“ Оценка за играта на Меси даде и италијанскиот интернационалец Енцо Марсека. „Не можам да замислам дека постои некој кој е подобар од него. Пеле, Марадона, Палтини? Тие беа големи фудбалери, но Меси е чудовиште!“. Тренерот на Барса, Пеп Гвардиола, Меси го спореди со Марадона и Кројф. „Имам среќа што Лео игра во овој тим и сé што можам да направам е да му создадaм услови, во кои тој ќе покаже сé што знае. Нема да видите ништо што е слично на него. Луѓето зборуваат дека Ди Стефани, Кројф и Марадона биле најдобри во свое време, јас велам дека сега тоа е Меси. Тој е на врвот и само тој решава до кога ќе биде таму“, вели Гвардиола. Меси по неверојатната игра, остана скромен, истакнувајќи ја важноста на победата. „Чувството е одлично кога ќе се постигнат пет гола, многу сум среќен, но најважно е тоа што се квалификувавме во четвртфиналето. Без разлика кој ќе ни биде противник, мислам дека нé чека тешка задача, бидејќи во оваа фаза останаа само квалитетни екипи“, рече фудбалерот број 1 во светот, Меси./крај/sportal.rs/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO