Спорт
Атлетик падна во Памплона

Атлетик Билбао , во Памплона, ја прекина серијата од четири победи и едно реми во сите натпреварувања.
Атлетик Билбао , во Памплона, ја прекина серијата од четири победи и едно реми во сите натпреварувања. Екипата која во четвртокот, на „Олд Трафорд“ му одржа фудбалски час на манчестер Јунајтед, загуби во баскиското дерби од Осасуна со 2:1. Со оваа победа Осасуна го прескокна противникот на табелата во шпанската Примера дивизија. Осасуна, без игра, за само 20. минути стигна до 2:0, авто-гол си постигна Итураспе, а потоа Ираизоз го совлада Раул Гарсија. Љоренте на стартот од вториот дел намали на 2:1, но до крајот Атлетик и покрај доминацијата на теренот не успеа да извлече реми. Осасуна е шеста на табелата со 38 бодови, Атлетик има бод помалку на седмото место. Покрај овие два тима, за четвртото место, кое води во Лигата на шампиони, до крајот на сезоната ќе се борат уште Малага, Леванте, Атлетико Мадрид и Еспањол. Разликата помеѓу четвртопласираната Малага која има 40 бодови и деветопласираниот Еспањол е само четири бода. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Далас Маверикс стекна право на прв пик

Далас Меверикс на вчерашната лотарија го доби правото на првиот пик, за првпат во историјата на франшизата.
За прв пик веќе извесно време е предвиден талентот на генерацијата, 206 сантиметри високата ѕвезда, крилниот центар Дуке Купер Флег.
Флег оваа сезона бележеше 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции, со успешност од 48,1 процент од игра, 38,5 за три и 84 проценти слободни фрлања.
Спорт
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил, Италијанецот станува најплатениот селектор

Карло Анчелоти и официјално е потврден за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација, објавија синоќа многу светски медиуми. Анчелоти ќе го преземе местото на 26 мај, веднаш по завршувањето на сезоната со Реал Мадрид. Со овој потег завршува неговиот втор мандат на клупата на Кралскиот клуб, со кој претходно освои две Ла Лига и три Лига на шампиони.
Анчелоти имаше уште една година од договорот со Реал Мадрид, но по пријателските разговори со челниците на клубот и Бразилската фудбалска федерација, беше договорен неговиот предвремен отказ. Според „Атлетика“, Италијанецот на крајот на април ја известил управата на Реал за својата одлука, а во меѓувреме биле финализирани сите детали од договорот со Бразил. Неговиот мандат е закажан до крајот на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
АС Мадрид откри дека Анчелоти ќе добие „астрономска“ сума на клупата на Бразил. Според извештаите, Италијанецот треба да заработува 770.000 евра месечно или 9.200.000 евра годишно. Ова е двојно повеќе од сумата што ја добија последните двајца бразилски тренери Тите и Доривал Јуниор.
Спорт
Вие сте најголемото ѓубре на светот – Киргиос ги нападна навивачите на социјалните мрежи

Австралиецот Ник Киргиос е во расправија со навивачите на социјалните мрежи кои се радуваат по повредата на најдобриот играч од Бостон Џејсон Тејтум.
Кошаркарите на Бостон Селтикс беа поразени од Њујорк Никс со 121:113. Екипата на Бостон сега има негатива од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Покрај поразот во четвртиот меч останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум кој најверојатно си ја скина тетивата.
Тејтум не е баш меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, па фановите се радуваат на социјалните мрежи по неговата повреда. Тоа не му се допадна на Ник Киргиос, кој е голем фан на Селтикс.
„Кој и да ја слави повредата на Тејтум или повреда на било кој спортист, вие сте најголемото ѓубре на светот“, изјави Ник Киргиос.
Џејсон Тејтум се здоби со една од најтешките спортски повреди. Џејсон мораше да ја напушти салата во инвалидска количка. Тој плачеше и ги држеше рацете на лицето.