Спорт
ФФМ и „Пума“ потпишаа договор до 2012

Германскиот производител на спортска опрема “Пума” ќе ја спонзорира македонската фудбалска репрезентација и во следниот
Германскиот производител на спортска опрема “Пума” ќе ја спонзорира македонската фудбалска репрезентација и во следниот квалификациски циклус за ЕП 2012.Според новиот договор, кој раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го постигна со челниците на „Пума“, германската компанија за прв пат ќе изработи спортска опрема специјално со националните бои на македонската репрезентација. Опремата ќе биде од највисок квалитет и ќе се изработи во европските конфекции на „Пума“.Договорот е во вредност од 100 илјади евра годишно или вкупно 200 илјади за двегодишниот циклус, соопшти денеска ФФМ.Специјалната изработка ги вклучува сите потребни содржини од чорапи до капче , комплетно во националните бои на македонскиот репрезентативен тим.„Во склоп на спортската опрема ќе бидат вклучени и новите топки со кои ќе се играат следните квалификациски средби , изработени според најновата , врвна технологија на Пума. За нас е важно што националните селекции се обезбедени и во наредниот квалификациски циклус со супер-квалитетна опрема и што за прв пат ФФМ добива можност за специјална нарачка на опрема со боите на националниот тим“, изјави по успешно завршените преговори, претседателот на ФФМ, Хари Хаџи- Ристески./крај/ффм/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Екс играч на Јувентус уринирал крај теренот, а кога влезе во игра – доби црвен картон

Кристијан Бунино, напаѓачот на италијанскиот третолигаш Леко, а поранешен фудбалер на Јувентус, доби црвен картон на натпреварот од 33. коло во кој неговиот тим одигра 0:0 со Пјаченца. Тренерот на Леко, Лучијано Фоски, реши да го внесе Бунино во игра во 73. минута. Претходно, напаѓачот уринирал во близина на теренот, што го забележал помошниот судија и му пријавил на судијата, кој му покажал црвен картон.
На соиграчите на теренот не им беше јасно што се случи, а Бунино неуспешно се обиде да го прикрие неговиот потег. Тренерот ја коментираше бизарната ситуација по натпреварот.
„Правилата се такви и мора да се применуваат. Сепак, се надевав дека судиите ќе размислуваат логично бидејќи тој не навреди никого, никој не го виде тоа. Се надевав дека ќе добие жолт картон, но судијата не направи грешка. Бунино? Тој не ни знаеше што ќе се случи“, изјави Фоски.
Бунино оваа сезона постигна два гола на 32 настапи во третото ниво на италијанскиот фудбал. Играше за неколку нисколигаши, како и за Сиена, Ливорно и за Пескара. Во сезоната 2018/2019 играше за тимот на Јувентус до 23 години.
Спорт
ПСВ му изрече драконска забрана на хулиганот кој го нападна Марко Дмитровиќ

Хулиганот кој навива за ПСВ Ајндховен, а го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ на мечот против Севилја, доби жестока казна – 40 години забрана да влезе на стадионот.
Холандскиот клуб му изрече безмилосна казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар.
Српскиот голман остана прибран и со еден потег го легна на земја, а потоа го предаде на обезбедувањето. Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.
Спорт
Френки де Јонг заработил повреда на „Ел Класико“ и ги пропушта мечевите на Холандија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.
Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.
Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.