Спорт
Барселона го потврди Куман, добива холандско засилување во Жорди Кројф

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека Роналд Куман ќе остане на клупата на славниот клуб и следната сезона ставајќи крај на шпекулациите за можни промени во Каталонија.
Куман ја комплетира првата сезона на „Камп ноу“ откако го замени Кике Сетиен минатото лето и успеа да освои титула, 31. на клубот во Копа дел Реј, иако потфрли во трката во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Шпекулациите велеа дека легендата на Барса, Чави, ќе го преземе неговото место, но претседателот Лапорта вели дека 58-годишниот Лапорта ќе го комплетира својот договор до јуни 2022 година.
„Ќе му дадеме континуитет на договорот на Роналд Куман. Задоволни сме бидејќи се исполнија сите критериуми во текот на сезоната“, изјави Лапорта.
Покрај Куман, во клубот се враќа уште едно познато лице, Жорди Кројф, синот на легендата Јохан, кој ќе биде советник на тимот. 47-годишниот Жорди беше дел од школата „Ла Масија“ на Барса, но поголемиот дел од фудбалската кариера го помина далеку од Барселона.
Куман доби и две засилувања во Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, а се чека и потписот на Георгинио Вајналдум, иако уште не е сигурна иднината на Лео Меси, со кого траат долгите преговори.
? @JoanLaportaFCB: ❝ Ronald Koeman will continue to be the Barça manager next season ❞ pic.twitter.com/nLo2bvCGMo
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 3, 2021
Barça ?❤️ Cruyff
? H. Segui pic.twitter.com/eRi11BNRBm
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 3, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.