Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопје: мајка била нападната од нејзиниот син; Брат и сестра прво се скарале, па се степале
Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 78 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син И.Б.(55), кој употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Вчера во СВР Скопје во 16.45 часот, 41 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54 – годишна сестра од Скопје.
Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат.
Според МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
74-годишна жена од Србија среде бел ден ограбена во Градскиот трговски центар во Скопје
74-годишна жена од Србија била ограбена среде бел ден во ГТЦ во Скопје.
Имено, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, А.П.(74) од Република Србија пријавила дека околу 12.55 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во затворот Идризово
Денеска во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека на 21.09.2024, осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.