Домашен
Повторно ‘тесен’ пораз на Металург
Ракометарките на Металург загубија од Мотор Запорожје со 21:23 (12:9), во седмото коло во Д групата, во Лигата на шампионите. Периодот од 40-та до 52-та минута, во која не постигнаа гол, а примија седум, го одведе Металург во вториот пораз пред своите гледачи, вкупно петти во Лигата на шампионите.
Поразот од украинскиот шампион ги згасна надежите на Металург дека до крајот на фазата по групи ќе може да се вклучи во борбата за една од првите две позиции, кои носат пласман во осминафиналето. Металург, како и на претходните три средби, со своето неискуство и брзоплетост му ја подари победата на противникот.Одиграа момците од Автокоманда одлично прво полувреме, длабоката и агресивна зона предводена од голманот Дупјачанец, во целост ја запре бековската линија на Мотор, а новиот играч Шпилер со целото свое искуство внесе сигурност во организацијата и реализацијата на нападите.Отвори Металург со 3:1 во осмата минута, по 13 минути предноста изнесуваше 5:2, а во финишот на првиот дел, во 27 минута играчите на Червар стигнаа до максималната предност од четири голови (11:7). Во ритамот во кој го завршија првиот дел, ракометарите на Металург продолжија и во вториот, поточно во првата третина од второто полувреме.Имаше Металург водство од 16:13 во 40-та минута и тука четата на Червар застана. Ракометарите на Мотор кои во првите 30 минути се мачеа да го пробијат бедемот пред Дупјачанец, започнаа лесно да ја пробиваат зоната на ‘сините’, Шелменко постигна три лесни гола и во периодот од 40-та до 52-та минута Украинците направија серија од 0:7 за водство од 16:20.Успеа Металург за момент да се врати, три гола во четири минути (Матиќ, Палевски, Костески) за 19:20, но поради техничките грешки не направи целосен пресврт. Два напади Металург лесно прокоцка при негатива од 20:21 што противникот знаеше да го искористи, за да забележи значајна победа.Божовиќ со пет, односно Пешевски и Шпилер со по три гола го предводеа Металург, додека Шелменко со седум голови беше најефикасниот кај Мотор. Металург во наредното коло, на 19.ноември, ќе гостува во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен. крај/мф/нц
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.