Спорт
Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!
Јувентус се доближи на седум поени разлика од првото место на Интер, откако потешко од очекувањата со 3:0 ја совлада незгодната Специја, во меч во кој Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој 12 години едноподруго во европските топ 5 лиги има барем 20 гола по сезона.
Откако во првото полувреме, само Кристијано Роналдо во финишот успеа да има вистинска шанса за „бјанконерите“, во второто полувреме, конечно, беше скршен отпорот на гостите. Прво повратникот во тимот Алваро Мората во 62. минута од мечот ги донесе Јуве во водство (по проверка на ВАР системот), а потоа во 71. минута, Федерико Киеза осигура бодовите да останат во Торино. На крајот, мечот го круниса Кристијано Роналдо во 89. минута од мечот, што беше негов фасцинантен 20. гол оваа сезона во Серија А, каде што е најдобар стрелец.
Победата доаѓа во совршен момент за Андреа Пирло, кој беше под големи критики по 1:1 ремито со Верона минатата недела, и ги носи Јувентус на 49 поени, три зад второпласираниот Милан и седум зад Интер. Специја, пак, по одличниот старт на сезоната, сега е на 16. место со 25 поени, сепак удобни 7 над зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

