Спорт
Лајпциг го понижи Шалке и се доближи до Баерн

Лајпциг беше убедлив на гостувањето во Гелзенкирхен и го декласира Шалке со 1:6. Сега тимот на Марко Росе има три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен кој вечерва игра против Келн.
Сѐ беше решено по првите 45 минути кога Лајпциг обезбеди предност од 0:4. Андре Силва постигна два гола, а погодија и Хенрикс и Тимо Вернер.
Во вториот дел, Соичиро Козуки го постигна единствениот гол за Шалке, а Дани Олмо и Јусуф Полсен ја заокружија „шестката“ за Лајпциг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Кралевите“ затаија во нападот, Барселона има пет бода предност

Реал Мадрид не успеа да стигне до победа (0:0) на дуелот против Реал Сосиедад и дозволи Барселона да побегне со пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига. Тимот на Карло Анчелоти не наметна своја игра, немаше стопроцентни шанси пред голот на ривалот, а може да жали за пропуштената можност на Винисиус Жуниор во првиот дел.
Реал Сосиедад добро ги затвори приодите кон својот гол и успеа да освои голем бод на „Сантијаго Бернабеу“.
Спорт
Наполи го доби „дербито на сонцето“ и гледа кон титулата

Наполи се зацврсти на врвот на табелата во Серија А откако славеше во „дербито на сонцето“ против Рома со 2:1. Тимот на Елиф Елмас сега има 13 бода предност на врвот во однос на Интер.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69.минута на местото на Хварацкелија, а Виктор Осимен го доведе Наполи во водство со голот во 17.минута.
Рома долго бараше израмнување и успеа да стигне до него со погодокот на Стефан Ел Шарави во 75.минута.
Но, Наполи не дозволи бодовите да заминат од Неапол. Џовани Симеоне во 86.минута го постигна победничкиот гол за составот на Спалети.
Спорт
Верати доби црвен картон, Реимс му украде бод на ПСЖ

Пари Сен Жермен не успеа да дојде до нов првенствен триумф откако ремизираше против Реимс на „Паркот на принцовите“ со 1:1. Работата за домашниот тим ја отежна Марко Верати.
Италијанецот доби црвен картон во 59.минута, само осум минути откако Нејмар донесе водство.
Но, во судиското продолжение, во 96.минута, Реимс успеа да израмни преку Фоларин Балогун.