Спорт
Легендарниот Ел Локо става крај на 26-годишната кариера

Легендарниот уругавајски фудбалер, Себастијан „Ел Локо“ Абреу, реши да стави крај на кариерата. На 44-годишна возраст, последниот меч ќе го одигра во дресот на Суд Америка против Ливерпул.
„Дојде и тој ден. Време е да се спушти завесата“, рекол Ел Локо и дополнил.
„Сега е вистинскиот момент за крај на кариерата. Ги исполнив своите сништа, повеќе немам што да понудам“.
Прекарот „Ел Локо“ (Лудак), го добил поради жестокиот темперамент. Познат е и по тоа што во кариерата сменил 31 клуб, играл во 12 држави. Во кариерата одиграл преку 850 натпревари.
Абреу, во кариерата два пати бил шампион на Аргентина, четири пати шампион на Уругвај.
Со репрезентацијата на Уругвај бил шампион на Јужна Америка во 2011 година, за националниот тим одиграл 70 натпревари, постигнал 26 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ не може да го регистрира Зијеш

ПСЖ ги обвини Челзи, Премиерлигата и француската Лига 1 за пропаднатиот трансфер на Хаким Зијеш. Клубот поднесе жалба до Лига 1, но истата беше одбиена. ПСЖ нема да може да го регистрира Зијеш.
Целата драма се одвиваше во последните часови од преодниот рок.
Зијеш ги минал лекарските прегледи, се фотографираше во дресот на новиот клуб, но на крајот мора да се врати во Лондон.
Челси најпрвин испратиле погрешен документ, а потоа два пати документот го испратиле на погрешна адреса, во Лига 1 наместо во ПСЖ.
Трансферот на Мароканецот не е ниту прв ниту последен што пропадна бидејќи клубовите чекаа до последните часови од последниот ден од преодниот рок. Давид де Геа веројатно најдобро знае како се чувствува Зијеш во моментов.
Спорт
Задар соочен со неизвесна иднина, неколку играчи ќе го напуштат клубот

Кошаркаскиот клуб Задар, најпријатното изненадување во АБА лигата, се соочува со неизвесна иднина. Во клубот неколку месеци доцнат платите, поради што кошаркарите најавија заминување.
Минатата недела, водечкиот во МВП трката, Лука Божиќ, за хрватските медиуми изјави дека ќе го напушти клубот доколку не добие некоја од заостанатите плати. Тој откри дека во тимот имало кошаркари кои не добиле плата од почртокот на сезоната.
За Божиќ интерс покажаа неколку клубови од Шпанија. Наводно фаворит за неговиот потпис е Бетис од Севиља.
За Карло Жганец, се интересира полска Легија, а во Полска би можел да му се приклучи и Антонио Јордано. За Дарио Дрежњак е заинтересиран неименуван клуб од Германија, но тој наводно засега сака да остане во Задар.
Штета што сето ова му се случува на Задар токму сега кога бележат одлични резултати во АБА лигата каде по 17 натпревари имаат учинок од девет победи и осум порази.
Спорт
Две причини зошто Халанд решил да стане „граѓанин“

Ерлинг Халанд, минатото лето реши да се пресели во Манчестер сити. „Граѓаните“ ја активираа неговата откупна клаузула од 60 милиони евра. Менаџерката Рафаела Пиминето откри зошто Халанд ги одбил Реал, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челси и ја прифатил понудата на актуелниот англиски шампион.
“Знаете, тој потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко играше за Манчестер сити и има фотографии од Ерлинг како го носи тој дрес како дете. Мислам дека причините беа лични. Мислам дека тој сакаше да ја доживее Премиер лигата”, изјави таа во интервју за шпански „Ас“.
Таткото на Ерлинг, Алфи Халанд играше за Сити од 2000 до 2003 година. Ерлинг е под договор со клубот до летото 2027 година. Сезонава веќе постигна 25 гола во Премиер лигата на само 19 одиграни натпревари.