Контакт

Меѓународен

Барса разиграна против Селта, Реал сигурен кај Еибар

Објавено пред

Фудбалерите на Барселона го задржаа водството во шпанскиот шампионат откако на својот „Камп Ноу“ ја совладаа Селта со 5-0, додека најголемиот ривал кој има и меч помалку Реал Мадрид беше сигурен на гостувањето кај Еибар и славеше со 4-1.

dobivaj vesti na viber

Играч на натпреварот во кој Барселона можеби пропушти и поубедлива победа во „загревањето“ за реваншот во Лигата на шампионите со Париз Сен Жермен, беше Лионел Меси со два погодока и две асистенции.

Меси погоди во 24 и 64 минута, а по неговото додавање во 40 минута Нејмар чудесно го префрли противничкиот голман. Стрелци беа уште Иван Ракитиќ во 57 и Самуел Умтити во 61 минута.

Претходно во саботата Реал Мадрид иако настапи без повредениот Кристијано Роналдо и суспендираните Герет Бејл и Алваро Мората, рутински стаса до бодовите. Гостите целата работа ја завршија во првите 30 минути од мечот, кога погодија за 3-0, а потоа додадоа уште еден гол, а Еибар во финишот го ублажи поразот.

Стрелци за Реал беа Карим Бензема во 14 и 25, Хамес Родригез во 29 и Марко Асенсио во 60 минута, додека за Еибар прецизен беше Рубен Пења во 72 минута.

Виљареал со 2-0 го победи Еспањол со головите на Роберто Соирин во 45 и автоголот на Диего Лопез во 80 минута.

Барселона повторно е на врвот од табелата со 60 бодови, пред Реал Мадрид кој има 59 но и меч помалку, додека Севиља е на третата позиција со 55 бодови. Севиља во понеделник ќе гостува кај Алавес./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Третина од децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години живеат со дебелина, 13,8 отсто од нив се екстремно дебели, објави ИЈЗ

Дебелината кај возрасните лица во Македонија е зголемена 13,6 отсто, а кај децата и адолесцентите 7,4 отсто во споредба со...

Топ2 часа

Притвор за мажот што палеше казино во Битола: истурил бензин врз шест слот-машини

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување...

Македонија4 часа

СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат утрово...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ користи шофер и возило за партиски активности

Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски...

Свет4 часа

САД, Египет и Катар повикаа на прекин на огнот во Газа, Нетанјаху ги објави барањата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, повторно го повика Хамас да направи отстапки пред понатамошните преговори за нов прекин на огнот и...

Македонија4 часа

Седуммина кандидати обезбедија место на гласачкото ливче за претседател на државата

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК...

Македонија16 часа

СДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: „На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија“

СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,...

Македонија18 часа

И Ванковска му одговори на Мицкоски; „Јас сум опозиција на сите“

Се зезнал! Ванковска е опозиција на сите од прв до последен! Опозиција на овој гнил систем и естаблишмент, на овој...

Македонија18 часа

Јакимовски до Мицкоски: Не сум се кандидирал за некому да попречам, јас не прифаќам споредни улоги

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам...

Македонија21 час

Мицкоски: Улогата на Јакимовски и Ванковска со кандидатурата е да го ослабнат потенцијалот на Давкова

Јасна е улогата на Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа...

Македонија21 час

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија, Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека до 14 часот се собрани над 22.000 потписи за пратеничката и професорка, Гордана...

Македонија24 часа

Пендаровски објави: Собрани се 10.000 потписи за неполни пет часа

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори објави дека за помалку од пет часа успеал...

Топ1 ден

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип. Според информациите од полицијата, во...

Македонија1 ден

Почна потпишувањето за кандидатурата на Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ очекува да бидат собрани за еден ден

Денеска се собирааат потписите за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова за пртседател на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатурата на...

Свет1 ден

Зеленски: Доцнењето на испораката на оружје за Украина доведува до загуба на животи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека доцнењето со испораката на оружје и системи за противвоздушна одбрана во Украина доведува до...

Регион1 ден

Сектолог за можното значење на симболите на ѕидовите на куќата во Нови Сад: „Дај Боже да грешам“

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела...

Свет1 ден

Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, објави државната новинска агенција РИА,...

Македонија1 ден

СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

СДСМ денес  во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на...

Регион2 дена

Ужас во Нови Сад: Деца на возраст од 1 и 3 години најдени мртви во домот, постои сомнеж дека родителите ги убиле

Полицијата пронашла тела на две деца на возраст од 1 и 3 години, кои според првичните информации биле убиени од...

Македонија2 дена

(Видео) Силјановска-Давкова е претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски...