Контакт

Меѓународен

Робен останува во Баерн до јуни 2018-та година

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен во понеделникот го продолжи договорот со германскиот клуб на уште една година, пренесуваат светските агенции.

 

Од Баерн соопштиле дека договорот со холандскиот фудбалер е продолжен до јуни 2018-та година. Робен е скоро осум години фудбалер на Баерн, каде дојде во трансфер од шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2009-та година.

 

Робен досега има постигнато 82 гола во 152 првенствени натпревари за Баерн, 14 голови во 23 натпревари во германскиот куп и 21 гол во 53 меча во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и победоносниот гол против Борусија Дортмунд во финалето од 2013-та година./крај/мф/бс

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател...

Македонија5 часа

(Видео) Средба Пендаровски – Зеленски: Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот...

Топ6 часа

Силувана малолетничка во Скопје

Вчера во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека 23-годишниот М.К. од Скопје извршил...

Топ7 часа

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ9 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија10 часа

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија12 часа

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија12 часа

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...

Топ13 часа

Три лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Росоман – Кавадарци

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Росоман-Кавадарци. Две oд...

Македонија15 часа

Законот за пасошите, законот за игрите на среќа и изборот на член на ДИК на дневен ред во Собранието

Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие...

Македонија15 часа

Владата донесе одлука за приоритетно издавање пасоши за сите професионални возачи

Владата, синоќа на седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба...

Македонија15 часа

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на...

Македонија15 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Дебар и околината

Земјотрес синоќа во 23 часот и 37 минути ја погоди Албанија. Потресот бил со рихтерова магнитуда од 3,2 степени, на...

Македонија1 ден

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија1 ден

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија1 ден

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија1 ден

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 дена

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 дена

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија2 дена

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...