Контакт

Меѓународен

Афера Football Leaks: Шпанската даночници ги побара документите од весникот El Mundo

Објавено пред

Шпанската Управа за јавни приходи од Unidad Editorial компанијата која го издава весникот El Mundo, ги побарала документите поврзани со 37 фудбалери и фудбалски работници. за кои се тврди дека избегнале да платат данок во Шпанија.

„Ќе се консултираме со нашите адвокати пред да ја донесеме одлуката, но ќе сториме се што е во наша моќ да удоволиме на барањата на Министерството за финансии“, рекол директорот на весникот Педро Куартанго.

„Секогаш сметаме дека исполнувањето на даночните обврски е основ на секоја демократија. Нашиот весник ги подржа сите кампањи во борба против затајувањето на данок“, дополнил Куартагена.

Тој напомнал дека ќе се консултира со изворите, меѓу кои е и германскиот неделник Der Spigel, кој е иницијатор на проектот. El Mundo е еден од 12-те европски медиуми кои се здружени во истражувачки конзорциум (EIC).

Овие медиуми објавуваат доверливи документи поврзани со финансиското работење на фудбалерите кои им ги доставува Football Leaks.

Во документите се наоѓаат имиња на 37 фудбалери и фудбалски работници кои работеле или сé уште работат во Шпанија.

Шпанската Управа за јавни приходи ги побара од весникот оригиналните документи, тајните анекси на договорите, мејловите, документите напишани во Word програмата, како и табелите составени во Excel.

Барањето било поднесено во понеделникот, а во вторникот на оваа тема говорел во шпанскиот Парламент и премиерот Маријано Рахој.

„Секој кој не ги исполнува обврските кон министерството за финансии ги лаже сите останати граѓани“.

Во средата министерот за финансии, Кристобал Монторо, рекол дека „ниту еден фудбалер нема да ја избегне истрагата на даночната полиција“.

Весникот на даночните власти и министерството за финансии има рок од десет дена да им ги достави документите.

Football Leaks во документите меѓу другите ги има имињата на Роналдо, Бензема, Модриќ, Игуаин, Карцаљо, Коентрао, Хамес Родригез, Фалкао, Нејмар, Џексон Мартинез, Чави, Мурињо, Михаел Каудруп…./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Почина Диего Армандо Марадона

Објавено пред

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Марадона се опоравуваше од операција на мозокот.

На почетокот на месецов Марадона беше примен во болница поради губење на енергија, но потоа било утврдено дека имал крварење во мозокот. На 12 ноември му беше опериран хематом во главата, по што бил испратен на домашно лекување.

Лекарите констатирале дека е во добра општа состојба, но се чини животот кој го водеше популарниот „Ел Пибе“ оставил последици.

Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.

На 22 јуни во 1986, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Светското првенство, на натпревар кој ќе остане запаметен по двата гола на Марадона: „Божјата рака” и „Голот на векот”.

Стана легенда и во Наполи, клуб со кој освои две скудета и Куп на УЕФА. Работеше како селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија Ла Плата.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Најголемите пропусти на Адрија турнејата каде се рашири коронавирусот

Објавено пред

Хрватската тениска асоцијација (ХТС), како организатор на хрватскиот дел од Адрија турнејата, што се одржа минатиот викенд во Задар, направи серија грешки во организирањето на турнирот на кој настапија некои од најголемите светски тениски sвезди, пишува „Јутарњи лист“.

Поради неодговорно однесување, потсетува весникот, најмалку пет спортисти се заразени со коронавирусот – бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот тренер, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и тренерот на Новак Ѓоковиќ, за кого сé уште се очекуваат резултатите од тестот.

Меѓу најголемите неуспеси на организаторите, пишува дневникот, е тоа што играчите и нивните екипи не биле тестирани за коронавирус, а бугарскиот тенисер Григор Димитров очигледно дошол во Хрватска со коронавирус.

Покрај тоа, на турнирот на стадионот влегувал кој сака, иако ХТС добил јасни упатства од Заводот за јавно здравје за тоа како да се организира турнирот на отворено. Според протоколот, на влезот требало да се евидентираат секој натпреварувач и неговата придружба, како и секој посетител.

„Јутарњи лист“ пишува дека немало средства за дезинфекција на влезот на стадионот, трибините на некои делови биле преполни иако ХЗЈЗ имал пропишано за вакви натпревари да може да се одржат со гледачи, капацитетите мора да бидат намалени на една третина.

Биле организирани и придружни настани со деца.

„Иако организаторите побараа упатства за тоа како да се одржи турнирот, не само што не ги следеа, туку никој од учесниците не одржуваше физичка дистанца и не ги дезинфицираше рацете, а имаше и настани за кои епидемиолозите не знаеја. Најлошо од сè е што беше организиран и Кидс деј како дел од турнирот на кој голема група деца се дружеле со Ќориќ и Ѓоковиќ“, пишува „Јутарњи лист“.

Дневникот, исто така, заклучува дека вработените во турнирот не се придржувале кон мерките. Ниту еден од персоналот не носел маска, официјалните возачи исто така не се придржувале кон мерките за заштита, а на влезот на стадионот никој не ги контролирал билетите и не ја мерел температурата на учесниците и посетителите.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

Објавено пред

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Македонија2 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет2 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет2 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет3 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет3 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион16 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија16 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија17 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа17 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија20 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија23 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет23 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија24 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет24 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет1 ден

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет1 ден

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Досие