Контакт

Меѓународен

Атлетико го победи Јувентус, Реал се провлече во Софија, дебакл на Галата во Лондон

Објавено пред

Натпреварите кои се одиграа во групите А, Б, Ц и Д го комплетираа второто коло во Лигата на шампиони. Атлетико на „Винсенте Калдерон“ го победи Јувентус, во дербито на вечерта, Реал се провлече против Лудогорец, додека Галатасарај во чии редови играше Горан Пандев доживеа дебакл во Лондон против Арсенал.

dobivaj vesti na viber

Атлетико, на домашен терен, во еден тврд и не премногу квалитетен меч го победи Јувентус со 1-0. Решавачкиот момент се случи во 75.минута кога Арда Туран го совлада Буфон. Јувентус во Мадрид го загуби првиот меч во новата сезона и го прими првиот гол во сезоната.

 

Малме против Олимпијакос ја забележа првата победа во Лигата на шампиони. Дебитантот во ЛШ до победата од 2-0 стигна со головите на искусниот Маркус Розенберг.

 

Група А:

 

Атлетико-Јувентус 1:0

Малме-Олимпијакос 2:0

Табела: Јувентус 3, Атлетико 3, Малме 3, Олимпијакос 3

 

Базел по катастрофата која ја доживеа во Мадрид, во првоот коло, стигна до првите бодови во Бр групата, со минималната победа над Ливерпул. Капитенот на тимот Марко Штрелер во 51.минута го постигна единствениот гол на мечот, гол кој само ќе ја продлабочи кризата во Ливерпул.

 

Лудогорец, во Софија, му пружи силен отпор на актуелниот европски првак Реал преку Марселињо уште во шестата минута стигна до предност, а пет минути подоцна голманот Стојанов успеа да му одбрани пенал на Роналдо. Сепак Португалецот израмни во 23.минута, кога судијата Крег Томпсон му подари пенал на Реал.

 

Во второто полувреме шкотскиот судија имаше уште неколку дискутабилни одлуки, двата тима промашија по неколку прилики за гол, а победникот го реши Бензема во 77.минута.

 

Група Б:

 

Базел-Ливерпул 1:0

Лудогорец-Реал 1:2

Табела: Реал 6, Базел 3, Ливерпул 3, Лудогорец 0

 

Зенит и Монако, екипи кои во првото коло во Ц групата забележаа победи, во меѓусебниот дуел, во Санкт Петербург, одиграа неинтересен меч кој заврши без голови.

 

Баер Леверкузен, на домашен терен, со играта во сите 90 минути ја декласира Бенфика и победи со 3:1.

 

Група Ц:

 

Зенит-Монако 0:0

Баер-Бенфика 3:1

Табела: Зенит 4, Монако 4, Баер 3, Бенфика 0

 

Арсенал, предводен од Дени Велбек, го декласира Галатасарај со 4-1. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, со победа ја прослави 18-та година на клупата на ‘топџиите’.

 

Велбек постигна три гола, а еднаш беше стрелец Алексис Санчез, додека почесниот гол за турскиот тим го постигна Јилмаз од пенал.

 

Горан Пандев натпреварот го започна во стартниот состав на Галатасарај, но тој целосно се вклопи во катастрофалната игра на целиот тим. Единствениот добар потег Пандев го направи во 63.минута кога го проигра Јилмаз, а него го сруши голманот на Арсенал, кој тоби црвен картон, а Галатасарај пенал.

 

Пандев на теренот мина 69.минути кога беше заменет од Булут.

 

Андерлехт претрпе висок пораз од Борусија 0-3. Имобиле постигна гол по само три минути игра, а преостанатите два гола се дело на Рамос во 69. и 79.минута.

 

Група Д:

 

Арсенал-Галатасарај 4:1

Андерлехт-Борусија Дортмунд 0:3

 

Табела: Борусија 6, Арсенал 3, Андерлехт 1, Галатасарај 1. крај/мф/нц

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски: Состојбата во градот ставена под контрола, ќе работиме дисциплинирано

По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на...

Македонија3 часа

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија3 часа

По вчерашното труење со храна во „Димо Хаџи-Димов“, вонредна инспекција во кујните на девет основни училишта во Карпош

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта...

Македонија3 часа

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион6 часа

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион7 часа

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ7 часа

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет8 часа

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет8 часа

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет9 часа

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет10 часа

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет10 часа

Хамас побара евакуација на своите борци што останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија21 час

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија1 ден

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија1 ден

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија1 ден

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија1 ден

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...