Контакт

Меѓународен

Бензема тренира, но е неизвесен за мечот со Атлетико

Објавено пред

Карим Бензема започнал да тренира со соиграчите од Реал, но и покрај тоа неговиот настап во саботното градско дерби со Атлетико е под знак прашалник.

dobivaj vesti na viber

Францускиот напаѓач го повреди мускулот на 6.ноември кога Реал со 3:0 го победи Легањес.

Според клупските информации, Бензема започнал да тренира со соиграчите, но и покрај тоа е неизвесен неговиот настап во градското дерби.

Доколку Бензама не може да игра против Атлетико, тоа дополнително ќе ги зголеми проблемите на Зинедин Зидан околу составувањето на тимот, бидејќи поради повреда дербито ќе го пропушти Алваро Мората.

Бензема оваа сезона има нешто помала минутажа во тимот на Реал, но и покрај тоа на 13 натпревари успеа да постигне пет гола.

Дербито на „Винсенте Калдерон“ ќе се одигра в сабота од 20:45 часот. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

Три години по пописот, Реџепи побара Уставен да ја укине поделбата на резиденти и нерезиденти: сега се чувствува штетата од таквата одлука

Укинување на поделбата на резидентно и нерезидентно население направена со пописот од 2021 година побара денес пратеникот на коалицијата „Европски...

Македонија18 часа

Царинската управа: Запленети 109 кг режен тутун, цигари, облека од познати модни брендови

Режен тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола...

Македонија18 часа

(Видео) Бочварски: Ниту бил непотребен ниту криминален, ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули,...

Македонија19 часа

Речиси 60 компании под истрага: злоупотребиле пари за фантомски проекти, 3,2 милиони евра не се вратени во државниот буџет, објави директорот на Фондот за иновации

Во изминатиот период се откриени сериозни неправилности во работата на Фондот за иновации и технолошки развој. Речиси 60 компании не...

Топ19 часа

Загина возач на трактор во Струмичко, се судрил со „сеат“

Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко...

Македонија20 часа

(Видео) Еден ден сите ќе заминеме од овој свет и нема да има зголемување на платите на функционерите, тоа е сигурно, рече Мицкоски

Едно е сигурно, покрај една друга работа што во животот треба да се случи, а тоа е дека нема да...

Македонија20 часа

Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството, бара СДСМ

„Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски...

Регион22 часа

Извештај на Европската комисија: Во прашање е стратегиската насока на Србија

Србија не воведе санкции против Русија, одржуваше односи на високо ниво со таа земја и ги интензивираше односите со Кина,...

Македонија23 часа

ДОМ: Владата да не го одолжува чистењето на линданот

ДОМ – Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната...

Свет23 часа

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја....

Македонија23 часа

„Сè што кажа – Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар“, велат од СДСМ

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Ова е планот на Трамп да стави крај на војната во Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да стави крај на војната во Украина со „замрзнување“ на конфликтот доколку победи на...

Свет1 ден

(Видео) Заменик на шерифот во Калифорнија спасил дете од автомобил секунди пред да удри возот

Заменик на шерифот Мајкл Кастанеда во округот Сан Бернардино, Калифорнија, неодамна доби награда за храброст за спасување на дете од...

Свет1 ден

Гутереш: Нема алтернатива за агенцијата што им помага на палестинските бегалци

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спроведувањето на законот со кој ќе се забрани на агенцијата на...

Свет1 ден

Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка го осудија израелскиот закон против ОН

Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на агенцијата на ОН...

Свет1 ден

Зеленски: Украина ќе биде принудена да се бори против Северна Кореја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде принудена да се бори против севернокорејските војници доколку влезат во конфликтот....

Македонија2 дена

Пожарот во хотелот во Берово зафати 200 квадрати – летната тераса пеплосана, најверојатно огнот се раширил од скарата

Скарата на ќумур, најверојатно, го предизвикала пожарот што синоќа го зафати хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Kомандирот на противпожарната бригада,...

Македонија2 дена

Тензијата на Ахмети со писмата е политички популизам, „Европскиот фронт“ се раслојува, вели Минчев

Не постои опасност за нарушување на безбедноста на државата на која укажува ДУИ по укинувањето на балансерот за вработување во...

Македонија2 дена

Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на коридорите 8 и 10

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска...

Топ2 дена

Две деца од Кочани и Куманово тешко се повредиле кога, возејќи мопеди, се судриле со автомобили

МВР соопшти за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера, а во кои учесници биле деца на мопеди. До...