Меѓународен
Јувентус шокиран од свој голем навивач

Актуелниот шампион на Италија никако да влезе во вистинскиот ритам во домашното првенство. Откако дури во четвртото коло ја забележа првата победа, во петтото на домашен терен ‘старата дама’ одигра само 1:1 против дебитантот во Серија А, Фросиноне.
Фросиноне не можеше да најде подобро место за да го освои првиот бод во клупската историја. На теренот на најтрофејниот италијански клуб Бланшард погоди во 92 минута за 1:1, откако Јувентус поведе 40-минути претходно со голот на Заза.
Покрај голот со кој му донесе огромна радост на соиграчите и навивачите, за стрелецот Бланшард е врзана интересна приказна, имено тој е голем навивач на Јувентус.
„Голем сум навивач на Јувентус, во јуни бев во Берлин на финалето во Лигата на шампионите, а сега против нив постигнав гол. Ова е навистина неверојатно“, изјавил Бланшард за Sky Sport. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен
Почнува 3. сезона на Twingo Cup

Единственото натпреварување во кое македонски возачи ќе се испробаат на вистински тркачки патеки во Европа, Twingo Cup викендов ја почнува третата сезона. Возење со подеднакво подготвени возила и шест различни европски патеки се предизвик за деветтемина Македонци кои од април до октомври ќе се борат за титулата на сезоната, која вклучува и парична награда, но и за главната награда – електричниот автомобил Renault Twizzy што ќе го добие најдобриот возач од сите три сезони.
Twingo Cup им нуди можност на натпреварувачите да ги покажат своите возачки способности и да уживаат на патеката. Покрај за Twingo Cup во кое има засега 33 пријавени возачи, истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија, а трофеи ќе им бидат доделени и на најдобрите во категоријата „Junior“ за возачи до 23 години, како и категоријата „Gentlemen“ за возачи над 40 години.
Организаторот Aутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје сезонава ќе им овозможат на возачите да имаат вистински предизвик со учество на патеки на кои се вози и Формула 1, а Twingo Cup ќе биде придружен дел од тркачките викенди на одредени патеки каде исто така ќе се возат трки од различни серии.
„И покрај тешките времиња пред се поради короната, успевме да организираме две сезони од Twingo Cup. Секоја сезона одиме чекор напред, следејќи ги амбициите на нашите натпреварувачи. Учиме како клуб, како организатор и како натпреварувачи и секоја сезона сме се подобри. Twingo Cup е подеднакво и натпреварување, и дружење и забава. Најважно е што можеме да покажеме, а и досега покажавме дека и во овој спорт имаме и таленти и зрели возачи. Сезонава првпат ќе возиме на патеки како што се Ред Бул Ринг, Брно и Монца. Тоа се нови предизвици за нашите натпреварувачи, за нивните можности и чекор напред во нивната афирмацијата, но и на македонскиот авто спортот надвор од државата. Ги знам добро и верувам во момците кои ги управуваат овие ‘мали количиња’ дека имаат квалитет да се носат со конкуренцијата. Голема благодарност и до спонзорите Аутомотив Груп, С-лизинг, ПСС, Триглав и Агенцијата з амлади и спорт кои не следат во оваа европска авантура на Twingo Cup“, вели Зоран Калеников, организаторот на Twingo Cup.
Од пријавени се 33 возачи од шест држави во Twingo Cup, најбројни се оние од Словенија, а од Македонија ќе има девет возачи. Ќе има и возачи од Србија, Италија, Чешка и Австрија.
Во првенството на Македонија ќе се борат девет возачи. Петмина се членови на АКК Рено Спорт Скопје, двајца се од Свифт рејсинг, и по еден член имаат АКК Проспорт и АКК Сити Скопје. Ќе има и двајца дебитанти кои ќе возат на познатите патеки во Европа заедно со другите натпреварувачи. Тоа се Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ, кои ќе бидат во возила на AKK Рено Спорт Скопје.
Актуелен првак во Automotive Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шестпати беше на пиедесталот. Лани имаше петмина различни победници на трките од Automotive Twingo Cup.
Натпреварувачи во Automotive Twingo Cup
Борис Стојменов – АКК Рено Спорт Скопје
Ненад Костовски – АКК Рено Спорт Скопје
Ангелче Стојковски – Свифт Рејсинг
Давид Малинковски – АКК Рено Спорт Скопје
Владимир Тренески – Свифт Рејсинг
Слободан Трајковски – АКК Рено Спорт
Зоран Мираковски – АКК Проспорт
Марко Блажевски – АКК Сити Скопје
Мурис Хамзиќ – АКК Рено Спорт
Сезонава планирано е да се возат вкупно 12 трки на шест патеки во Европа. Twingo Cup ќе се вози на познатите Ф1 патеки во Унгарија, Австрија и Италија, како и на патеките во Централна Европа каде заедно во ист тркачки викенд ќе се возат и трки од TCR Eastern Europe, FIA CEZ, FX Series покажувајќи ја сериозноста на организаторите ова натпреварување да биде со сериозни натпреварувачи на познати светски тркачки патеки.
Новата сезона на Twingo Cup почнува на 8 април 2022 година со трка на Хунгароринг, Унгарија, а треба да заврши со трка на уште една Ф1 патека на 30 октомври на Монца, Италија. На секоја патека, вкупно шест, ќе се возат по две трки. Единствено останува да се прецизира точниот датум на трката на Серез, Грција која е закажана за октомври.
Календар на Twingo Cup 2022
8-10 април – Хунгароринг, Унгарија
3-5 јуни – Редбул Ринг, Австрија
23-24 јули – Гробник, Хрватска
9-11 септември – Брно, Чешка
октомври – Серез, Грција
29-30 октомври – Монца, Италија
(ПР текст)
Меѓународен
Полјаците одбиваат да играат фудбал против Русија

Цезари Кулеша, претседателот на Полската фудбалска федерација, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.
Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да гостуваат во Москва на 24 март.
„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата на насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Кулеша.
Полјаците ќе го претстават својот став пред ФИФА заедно со Шведска и Чешка, кои исто така треба да играат доквалификации во Русија, и ќе ја чекаат одлуката на светската фудбалска организација.
Меѓународен
НЛБ Групацијата и АБА-лигата ј.т.д.: Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

„Овој регион на можности е наш дом. Сега имаме нова, одлична можност регионот на ЈИЕ во кој работиме, уште повеќе да го обединиме но, овој пат преку спортот. Да станеме број еден и да ја покажеме нашата страст. Во АБА лигата ј.т.д. гледаме регионален партнер, а со спонзорирање на АБА лигата ј.т.д. имаме можност да ја потврдиме нашата посветеност за развој на овој регион. Луѓето кои живеат, работат, создаваат и сонуваат во овој регион се многу повеќе поврзани отколку што тоа на прв поглед изгледа. Бидејќи со сето срце веруваме во регионот и во потенцијалот на АБА лигата ј.т.д., застануваме покрај нив“ – НЛБ Групација
НЛБ Групацијата се приклучува на АБА лигата ј.т.д. во сезоната 2021/22, а соработката меѓу двата регионални играчи, едните лидери во спортот, другите во банкарскиот и финансискиот сектор, ќе продолжи најмалку до 2025 година.
Со влегувањето како спонзор во најмоќното кошаркарско натпреварување во овој регион, НЛБ Групацијата стана и генерален спонзор на натпреварувањата од втора лига, под покровителство на АБА Лигата ј.т.д., коja отсега ќе се вика НЛБ АБА ЛИГА 2.
Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ Групацијата:
„Ние сме повеќе од само уште една финансиска Групација и како институција од системско значење не сме заинтересирани само за деловни теми. Сакаме на различни начини да создаваме, да го подобруваме и поврзуваме регионот на можности во кој работи Групацијата – воедно и преку спортот. Кошарката е тимски спорт кој ги испиша најпопуларните и најинспиративните приказни во регионот, раскажувајќи ни за победите и успесите, како со националниот тим, така и со кошаркарските клубови. Со спонзорирање на АБА-лигата ј.т.д., НЛБ Групацијата уште еднаш докажа дека ја познава страста и желбите на регионот на можности и дека го зборува истиот јазик и култура. Нашата Групација го разбира и промовира она што луѓето во овој регион го негуваат. Ние сме еден тим, а тимската работа, здружувањето на различните заедници, култури и јазици формираат цврста целина која може да ја искористи секоја можност преку координирана акција. Тоа се вредностите на НЛБ Групацијата“.
Дубравко Кметовиќ, директор на АБА лига ј.т.д.:
„Во име на АБА лигата ј.т.д., среќен сум и почестен што можам да ѝ посакам добредојде на НЛБ Групацијата во нашиот заеднички дом на кошарката. НЛБ Групацијата беше со АБА лигата ј.т.д. на самиот почеток, кога заживеа целата оваа идеја за регионална кошаркарска лига и јас сум исклучително среќен што оваа реномирана банкарска и финансиска Групација е повторно покрај нас. Убеден сум дека заедно можеме да направиме навистина неверојатни работи на многу различни нивоа. Иако нашата главна цел останува да и помогнеме на регионалната кошарка уште повеќе да расте во наредните години, ние исто така сакаме да ја искористиме соработката во контекст на грижа за огромната кошаркарска заедница. Нашите заеднички цели се промовирање и ширење на сите културни аспекти поврзани со спортот. обезбедување финансиска едукација за играчите, обезбедување на сета потребна помош на младите играчи за нивен правилен развој и реализација на низа други општествено корисни проекти. Исто така, ќе продолжиме да го поддржуваме NLB Wheel шампионатот, бидејќи го гледаме како огромен дел од регионалната кошарка. Ние сме исклучително горди што работиме со НЛБ Групацијата и со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни донесе оваа нова ера“.
(ПР текст)