Контакт

Меѓународен

Le Monde го обвини Гасол за допинг, Шпанците најавија тужба

Објавено пред

Шпанскиот Совет за спорт (CSD) најави дека ќе го тужи францускиот весник Le Monde, поради текст во кој се инсинуира дека најдобриот шпански кошаркар Пау Гасол бил допингуван на Европското првенство на коешто Шпанија го освои златниот медал.

„Ќе направиме сé за оваа морална мизерија да добие судски епилог“, рекол претседателот на CSD, Мигел Карденал, додавајќи дека Гасол е „бренд на шпанската кошарка и на нашата земја“. „Гасол минал безброј антидопинг контроли во Шпанија и во странство. Во прашање е престижот на шпанскиот спорт“, дополнил Карденал.Спорниот текст во кој Гасел се сомничи дека бил допингуван е насловен како „Тајните од младоста на Пау Гасол“. Во него се алудира на врските кои кошаркарот ги имал со докторот Николас Терадос на кого му се судеше во аферата „Фестина“, но на крајот беше ослободен од обвиненијата.Гасол, во неделата, на Европското првенство го освои златниот медал со Шпанија и беше прогласен за МВП на турнирот.Инаку, пред неколку години познатиот француски тенисер Јаник Ноа во колумна за Le Monde ги обвини шпанските спортисти за допинг. Тогаш, 55-годишниот тенисер, кој е татко на НБА кошаркарот на Чикаго Булс, Жоаким Ноа, а во светот на тенисот е најпознат како последен француски освојувач на Ролан Гарос, во 1983 година, ги обвини за допинг фудбалерите, кошаркарите, тенисерите и познатиот велосипедист Алберто Контадор.„Шпанците трчаа побрзо од сите. Многу се поцврсти од останатите и на другите им оставаат само трошки. Имаа во Шпанија афера, позната како ‘Фестина’, за доктор кој ја предизвика најголемата допинг афера во историјата. Но, Шпанците го забошотија целиот случај. Денес светот на спортот изгледа како во филмот “Астерикс на Олимписките игри’. Доколку добриот друид ви направи волшебен пијалак, тогаш ќе победите. Во конкретниот случај се чини дека Шпанците се како Обеликс, како да паднале во казанот на друидот со волшебниот пијалак“, напиша тогаш Јаник Ноа. Интересно, на ударот на француските медиуми се најде и Барселона, и каталонскиот гигант Le Mond го поврза со допинг. Поради серијата на текстови весникот го изгуби судскиот спор поради што на Барселона ѝ плати 300.000 евра./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Братот на НБА-ѕвездата Јокиќ уапсен во Денвер

Објавено пред

Братот на кошаркарската ѕвезда Никола Јокиќ, Страхиња (37), бил уапсен во Денвер под сомнение дека нападнал една жена.

Како што објави „Денвер пост“, Страхиња бил пијан кога во апартман нападнал една жена, која се обидела да избега, но тој не ѝ го дозволил тоа. Таа потоа излегла на балконот барајќи помош, но братот на кошаркарот ја нападнал и почнал да ја дави.

Таа не успеала да се јави во полиција бидејќи Јокиќ ѝ го одзел телефонот.

Таа сепак преку компјутер успеала да алармира еден свој пријател, кој ја известил полицијата.

Портпаролката Керолајн Тајлер изјавила дека обвинителството ги прифатило обвинувањата за напад од втор степен.

Инаку, кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, има двајца постари браќа, кои живеат со него во САД. Никола многупати го истакнувал нивното влијание во неговата професионална кариера. Браќата на Јокиќ не пропуштаа ниту еден негов натпревар во НБА.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Побрз од Формула 1 – Фолксваген ID.R со нов рекорд на Гудвуд

Објавено пред

Првиот електричен тркачки автомобил кој e побрз од Формула 1, Фолксваген ID.R повторно ја промени историјата на мотоспортот со поставување нов рекорд на овогодишниот Гудвуд фестивал на брзината.

Роман Думас ја заврши патеката од 1,86 километри на југот од Англија за само 39,90 секунди.

Притоа, електричниот тркачки автомобил со моќност од 500 kW (680 PS) го собори минатиот рекорд, кој траеше 20 години, за 1,7 секунди. Тој исто така ја освои победата во неделата.
Претходниот рекорд на познатото искачување беше поставен во 1999 година од Ник Хајдфелд и неговиот Ф1 McLaren-Mercedes MP4/13 со 574 kW (780 КС) со мотор со внатрешно согорување.

„Во поставувањето на новиот рекорд на Гудвуд фестивал на брзината, ID.R уште еднаш покажа дека електричниот погон на Фолксваген може да ги надмине дури и најмоќните конвенционални погонски мотори“, рече директорот на „Фолксваген моторспорт“, Свен Шмет.

„Ромен Дума го искористи целиот потенцијал на ID.R на оваа кратка, на незгодна патека. По победата на Pikes Peak и рекордот на Nürburgring-Nordschleife, тој сега постигна уште една пресвртница за електромобилноста. Тоа беше моќна изведба од целиот наш тим, кој имаше само многу кратко време, за да добиете лесна варијанта на ID.R и да настапи на Фестивалот на брзината“.

„Многу сум горд што го поставив рекордот во Гудвуд со ID.R. Краткото искачување е многу посебен предизвик. Бидејќи патеката е толку кратка, не можев да си дозволам да направам дури ни најмала грешка и секој аспект на фино подесување на ID.R мораше да биде совршен. Тоа беше особен предизвик, бидејќи не можевме да го тестираме на пат претходно“, рече Ромен Дума, кој претходно ја освои севкупната победа со електричниот рекорд на истото место во 2018 година.

„Фолксваген моторспорт“ систематски го модифицира ID.R за нејзиното натпреварување на Гудвуд фестивалот на брзината. Меѓу другото, најновата еволуција на електричниот тркачки автомобил беше полесна отколку кога ги постави рекордите за Pikes Peak и во Nürburgring.

„Ние користевме помала батерија отколку во Nürburgring и ја оптимизиравме моќноста. Како таква, новата спринт верзија на ID.R тежи помалку од 1.000 килограми“, изјави Франсоа-Ксавиер Демасон, технички директор на „Фолксваген моторспорт“.

ID.R, исто така, го заврши своето рекордно возење без системот за намалување на воздушен отпор (DRS) кој беше дизајниран за брзите делови на Nürburgring, бидејќи карактеристиката на патеката во Гудвуд го направи ова да биде непотребно.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ, ексклузивно од Вимблдон за „Макфакс“

Објавено пред

Утре (1 јули) во Лондон започнува 133. издание на најстариот тенискиот турнир Вимблдон, кој важи и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

Главен фаворит за освојување на третиот овогодишен Гренд Слем турнир е минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а после него најмногу шанси му се даваат на Швајцарецот Роџер Федерер.

Известувачот на „Макфакс“ имаше можност да добие кратка изјава од Ѓоковиќ.

Запрашан дали чувствувал поголем ментален притисок минатата година, кога на турнирот дошол како 15-рангиран или оваа година кога е главен фаворит, бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ одговори:

„Минатата година чувствував посилен притисок, иако тогаш бев надвор од 15-те најдобро рангирани играчи на светот, што лично за мене беше помал притисок, меѓутоа луѓето околу мене имаа очекувања да стигнам далеку на турнирот. Секако дека притисокот и очекувањата секогаш се присутни, меѓутоа годинава постои мала разлика во однос на минатата година бидејќи лани ми требаше да освојам еден таков голем трофеј, за да направам голем отскок како би ја повратил самодовербата“.

За сѐ поизразената јавна нетрпеливост на Австралиецот Ник Кириос кон светскиот број еден, го прашавме популарниот Ноле доколку би му се обратил Ник Кириос за совет, што би му рекол?

„Зависи што би ме прашал, но секако дека би му одговорил на прашањето. Меѓутоа, како сега стојат работите не очекувам дека би ми се обратил за совет. Но, ќе видиме – никогаш не се знае“, одговори Ѓоковиќ.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион10 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија11 час

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет11 час

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион12 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија13 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија14 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија15 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ16 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија16 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ17 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија17 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа17 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија18 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа19 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион20 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет20 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа20 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија1 ден

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Досие