Контакт

Меѓународен

Почина фудбалската легенда Алфредо Ди Стефано

Објавено пред

Легендата на шпанскиот и на аргентинскиот фудбал, почесниот претседател на Реал Мадрид, Алфредо Ди Стефано почина на 88-годишна возраст како последица на срцевиот удар од саботата, објавија шпанските медиуми.

Срцевиот напад Ди Стефано го доживеа во еден ресторан во Мадрид во непосредна близина на стадионот „Сантјаго Бербнабеу“. Според лекарски извори, неговото срце 18 минути не работело. Ди Стефано кој во петокот го прослави 88-от роденден, беше во кома, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Инаку, според медиумите, Ди Стефано претходно бил седум пати хоспитализиран поради проблеми со срцето. Аргентинецот се прослави со настапите во Реал Мадрид за кого настапуваше 11 сезони, од 1953 до 1964 година, во кои одиграл 282 официјални натпревари на кои постигнал 216 голови. Ди Стефано кариерата ја започнал во татковината настапувајќи за еден од најпознатите клубови од Буенос Аирес, – Ривер Плата за која настапувал од 1944 до 1949 година, и одиграл 66 мечеви на кои постигнал 49 голови, а потоа од 1949 до 1953 година играл за колумбиски Минеирос. Кариерата на вонсериски напаѓач ја завршува во Еспањол во сезоните 1965 и 1966-та.Особено карактеристично за Алфредо Ди Стефано е што настапувал за дури три национални селекции. За татковината Аргентина има одиграно 6 натпревари на кои постигнал исто толку голови, за Колумбија играл на четири мечеви, а најмногу репрезентативни натпревари има одиграно за Шпанија – 31 на кои постигнал 23 голови. Богатата спортска кариера на Ди Стефано е надополнета и со двојна шампионска титула во Аргентина, трикратен шампион на Колумбија, а во Шпанија со мадридските „кралеви“ осум пати го освојувал првенството. Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА го прогласи за третиот најдобар играч на XX век, а во два наврати ја има добиено престижната награда Златна топка за најдобар играч на сезоната. Исто така, Ди Стефано стана првиот член на Куќата на славните на ФИФА. Од 2000 година Алфредо ди Стефано беше почесен претседател на Реал, а во 2008 година стана и почесен претседател на Европската фудбалска федерација УЕФА./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Најголемите пропусти на Адрија турнејата каде се рашири коронавирусот

Објавено пред

Хрватската тениска асоцијација (ХТС), како организатор на хрватскиот дел од Адрија турнејата, што се одржа минатиот викенд во Задар, направи серија грешки во организирањето на турнирот на кој настапија некои од најголемите светски тениски sвезди, пишува „Јутарњи лист“.

Поради неодговорно однесување, потсетува весникот, најмалку пет спортисти се заразени со коронавирусот – бугарскиот тенисер Григор Димитров и неговиот тренер, хрватскиот тенисер Борна Чориќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и тренерот на Новак Ѓоковиќ, за кого сé уште се очекуваат резултатите од тестот.

Меѓу најголемите неуспеси на организаторите, пишува дневникот, е тоа што играчите и нивните екипи не биле тестирани за коронавирус, а бугарскиот тенисер Григор Димитров очигледно дошол во Хрватска со коронавирус.

Покрај тоа, на турнирот на стадионот влегувал кој сака, иако ХТС добил јасни упатства од Заводот за јавно здравје за тоа како да се организира турнирот на отворено. Според протоколот, на влезот требало да се евидентираат секој натпреварувач и неговата придружба, како и секој посетител.

„Јутарњи лист“ пишува дека немало средства за дезинфекција на влезот на стадионот, трибините на некои делови биле преполни иако ХЗЈЗ имал пропишано за вакви натпревари да може да се одржат со гледачи, капацитетите мора да бидат намалени на една третина.

Биле организирани и придружни настани со деца.

„Иако организаторите побараа упатства за тоа како да се одржи турнирот, не само што не ги следеа, туку никој од учесниците не одржуваше физичка дистанца и не ги дезинфицираше рацете, а имаше и настани за кои епидемиолозите не знаеја. Најлошо од сè е што беше организиран и Кидс деј како дел од турнирот на кој голема група деца се дружеле со Ќориќ и Ѓоковиќ“, пишува „Јутарњи лист“.

Дневникот, исто така, заклучува дека вработените во турнирот не се придржувале кон мерките. Ниту еден од персоналот не носел маска, официјалните возачи исто така не се придржувале кон мерките за заштита, а на влезот на стадионот никој не ги контролирал билетите и не ја мерел температурата на учесниците и посетителите.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

Објавено пред

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Објавено пред

Македонските натпреварувачи во Twingo Cup денеска го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска на отворањето на новата сезона. Нашите возачи се покажаа во фантастично светло и имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.

Денеска на „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25) .

Втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради проблем во последниот круг со контакт на бомбината не ја заврши трката.

Нашите возачи за прв пат ја возат оваа патека и се натпреваруваа со возачи од Италија и Словенија кои четири години возат и тренираат на истата патека.

Учество земаа:
•АКК Рено Спорт
•Кастум Кар
•АКК Свифт Рејсинг

Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува утре (23 февруари). На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Забава1 час

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт3 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија3 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ4 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија6 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ7 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа8 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет22 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Досие