Контакт

Меѓународен

Залудно потрошени 375 млн евра, приказна за Ман. Јунајтед и Ливерпул

Објавено пред

Пет првенствени рунди се одиграа во англиската Премиер лига, а веќе е јасно дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул нема да бидат конкурентни во борбата за шампионската титула, иако во летниот преоден рок потрошија најмногу пари на засилувања, пишува ‘goal.com’

dobivaj vesti na viber

Манчестер Јунајтед и Ливерпул со големи амбиции влегоа во новата сезона, раководствата на двата тима вложија огромни суми на пари за да ги реализираат тие амбиции. „Црвените ѓаволи’ на нови играчи потрошија 207 милиони евра, додека во засилувања тимот од ‘Енфилд’ инвестираше 168,6 милиони евра. Меѓутоа првите пет кола покажаа дека и Јунајтед и Ливерпул се далеку од сериозни екипи за освојување на титулата во Премиер лигата. Ливерпул со шест бода се наоѓа на 11-то место, а Јунајтед е зад него со бод помалку.Иако тимовите направија одредени промени во однос на минатата сезона, факт е дека Челзи по само пет кола има седум бодови повеќе од Ливерпул и осум од Јунајтед, а во каква форма играат и едните и другите тимот на Мурињо во наредниот период може и да ја зголеми предноста.Ливерпул ова лето остана без Луис Суарез, парите од неговиот трансфер менаџерот Брендан Роџерс ги искористи за на ‘Енфилд’ да донесе девет нови фудбалери.Заминувањето на Суарез треба да го надополнат тројца нови напаѓачи Марио Балотели, Рики Ламберт и Лазар Марковиќ. Стартот на сезоната покажа дека во нападот на ‘црвените’ клучни фигури ќе бидат минатосезонските партери на Суарез, Даниел Стариџ и Рахим Стерлинг. Во овој период Ламберт и Марковиќ шанса за настап најчесто добиваат од клупата, додека Балотели сеуште е далеку од вистинската форма. Најголем проблем на Ливерпул сезонава е дефанзивата и катастрофалната форма на капитенот Стивен Џерард. Ливерпул за да ја засили дефанзивата потроши речиси 50 милиони евра, кои засега не даваат резултат, на првите пет натпревари голманот Мињоле прими осум гола. Уште полошо од Ливерпул на теренот изгледа Манчестер Јунајтед, иако по минатонеделната победа над КПР (4-0) оптимизмот на ‘Олд Трафорд’ го достигна максимумот. Шест дена подоцна Јунајтед, во Лестер, имаше болно соочување со слабостите на тимот. Ван Гал потроши голема сума на пари но во тимот не донесе ниту еден централен дефанзивец од светска класа. Потроши повеќе од 50 милиони евра за два леви бека (Рохо и Стерлинг), а во централниот дел од одбраната реши да се потпре на Смолинг, Еванс и Блакет. Првите пет кола му покажаа на Ван Гал дека споменатите тројца не се екстра квалитет кој е потребен за да се нападне титулата.Но Ван гал е тврдоглав, не најавува дека ќе купува дефанзивец туку за 75 милиони евра го купува Кевин Стротман од Рома, иако во редот за врска има доволно квалитетни играчи. Дефанзивата во понатамошниот тек на првенството може да му претставува проблем и на Арсенал, иако по пет кола тимот на Арсен Венгер бележи добри резултати.Арсенал во последната линија ги има Мертерзакер и Кошчелни, а алтернатива за нив е талентираниот Чемберс, кој на ‘Емирати’ пристигна од Саутемптон. Но Венгер повеќе го нема Вермален кој минатата сезона добро се надополнуваше со Мертезакер и Кошчелни.Неуверливоста на Јунајтед, Ливерпул и Арсенал сугерира дека за титулата ќе се борат Челзи и Манчестер Сити. Челзи делува одлично на почетокот на првенството, на пет средни неговите играчи постигнаа 16 гола, а во тимот одлично се вклопија Фабрегас и Диего Коста.Иако, во неделата, Челзи играше премногу претпазливо против Сити, сепак за разлика од минатата сезона, на почетокот од оваа со леснотија ги добиваат дуелите против ‘малите екипи’, против кои минатата сезона ја загубија титулата. Сити по пет кола има две победи, но екипата на Мануел Пелегрини имаше најтежок распоред од сите фаворити, противници на стартот им беа Ливерпул, Арсенал и Челзи. Единствен кикс на ‘граѓаните’ е домашниот пораз од Стоук.  крај/мф/нц

Извор: goal.com



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Како од Македонија да дојдете до билет за Вимблдон

Објавено пред

Вимблдон, зад сцената

dobivaj vesti na viber

Ако после прочитаниот наслов, веднаш влеговте во „филм“ како сте на Вимблдон, гледате тенис и јадете јагоди со шлаг, пред да продолжите со читањето, најпрвин расчистете со две работи: прво, ако добивањето британска виза ви е невозможна мисија, тогаш овој текст не е наменет за вас. И, второ, веднаш заборавете дека присуството на тенискиот турнир, значи и можност дека ќе најдете начин да купите билет за машкото финале. Во моментов тој чини од 10.000 евра нагоре, но го нема во продажба. Сè помеѓу овие две крајности, е реална опција за секого на светот, па и за било кој Македонец, желен да присуствува и гледа тениски мечеви на Вимблдон.

Но, да тргнеме со ред, додуша, обратен, а тоа е дека имате виза и билет и сте се упатиле кон Лондон. Вообичаено, тенискиот турнир се оддржува секоја година во последната седмица од јуни и првата од јули (но, не и оваа година). Од која год страна да го нападнете Лондон, односно дали кон центарот ќе се приближувате од Хитроу, Гетвик, Лутон или Станстед, прво што ќе ви падне во очи, движејќи се од периферијата кон центарот и Пикадили, е дека и на еден ден пред почеток на турнирот, но и за сите четиринаесет дена додека трае турнирот, во Лондон нема да забележите никаков билборд, реклама или било каква најава, која ќе ви сугерира дека во градот се одржува најстариот и најпрестижен тениски турнир во светот. Од друга страна, на сите страни ќе ве опкружуваат знамиња со бои на виножито, бидејќи периодот кога се одржува тенискиот турнир, се поклопува со т.н. Месец на гордоста. Се чини, како остатокот од светот повеќе да го почитува и е опседнат со турнирот, отколку самиот град кој е домаќин.

Инаку, Вимблдон е населба во Лондон, исто како, на пример, мојата Кисела Вода во Скопје. Дури кога ќе пристигнете во оваа населба, ќе забележите турнирски знамиња, постери, големи жолти тениски топки и убаво декорирани саксии со цвекиња во пурпурна боја, која е карактеристична боја за турнирот. Да, пурпурната, а потоа темно зелената, но не и белата. Сепак, и тука паралелно ќе ги гледате и знамињата на

виножито, па оправдано ќе се прашате: зошто во остатокот на Лондон нема знамиња на Вимблдон, а во Вимблдон има знамиња со боја на виножитото.

Самиот комплекст на тениските игралишта се наоѓа во таканареченото Вимблдонско село, и сите осумнаесет терени се сконцентрирани едни покрај други, а сè заедно е заградено со висока ограда, така што влез внатре во селото е можен само со билет или пропусница. Значи, дојдовме до клучното прашање од почетокот на текстот – како да се набави билет.

Првата можност (која е тешко спроведлива за некого кој живее во Македонија, но не и за Македонец во Лондон) е преку гласачки ливчиња. Тоа значи дека поголемиот дел од билетите ѝ се продаваат на пошироката јавност со јавно гласање што го одржува Ол Ингланд Клубот во јануари секоја година. Апликациите се испраќаат во текот на цел декември. Успешните апликанти се избираат по случаен избор на компјутер и оној кој ќе биде избран има временски рок до кога треба да го купи доделениот билет. Проценките се дека при изборот, за секој билет има по четворица кандидати. Она што е важно да се знае е дека местата и деновите за кои ви се однесува билетот се распределуваат по случаен избор, така што вие плаќате билет, без да знаете за кој ден и кој натпревар се однесува.

Втората можност, која е пореална за тенискиот ентузијаст од Македонија, е да се купи билет за целиот комплекс на Вимблдонското село, што ви овозможува цел ден да ги гледате тениските натпреаври на сите стадиони, освен на оние за кои е потребен посебен билет, а тоа се Централниот терен, Теренот број еден, два, три и четири (иако и за нив организаторот знае дневно да пушти по стотина билети во продажба).

Како и да е, ви остануваат на располагање повеќе од десетина игралишта на кои цел ден можете да гледате тенис, јадете јагоди со шлаг и пиете Пимс (газиран алкохолен пијалок од џин и пунч, привлечен на изглед, но грозен на вкус. Како декорација на чашата, каде обично се става лимета или портокал, на Вимблдон го служат со округло исечено парче краставица. Среќа што е свежа, а не кисела). Таквиот билет во првата седмица чини околу 30 фунти (да, добро прочитавте, околу 35 евра) ако го купите на почеток на денот, а може да падне и на пет фунти(!) ако го платите при крај на денот, кога повеќето мечеви се завршени или се при крај. Во втората седмица овие билети се уште поевтини. Звучи парадоксално, но има логика: иако втората недела се играат поквалитетни натпревари, тогаш нивниот број е многу помал од првите седум

турнирски денови, кога мечевите започнуваат од 11 часот, и се играат до почеток на стемпување, околу 21 часот.

Но, тоа што се ефтини овој вид на билети, значи дека е многу потешко да се дојде до нив. Ако за гласачките ливчиња односот беше четири апликанти за еден билет, овдека проценката слободно може да биде и десетина кандидати за еден билет. За да добијат пристап до овие терени, фановите, вообичаено, треба да чекаат во ред преку ноќ. Најупорните доаѓаат некаде околу 22 часот за изутрината да бидат меѓу првите пред касата.

Чекањето за билети на Вимблдон е претворено во класично кампување, со шатори, полска опрема, вреќи за спиење и тука можете да сретнете луѓе од целиот свет. Локалците ги сметаат за скитници, иако тие го вреднуваат таквото искуство, па, и по цена да не успеат да купат билет. Следната година повторно ќе пробаат. Некои пробуваат и по пет години и се безуспешни.

Оние среќните, кои ќе дојдат до такви целодневни билети и се наоѓаат внатре во Вимблдонското село, имаат можност да купат билети на препродажба за Централниот и Стадионот број еден. Шемата е следна: на гледач кој решил порано да го напушти мечот, неговиот билет се скенира и местото како слободно се става на препродажба до завршување на натпреварот. Цената на таквиот билет е симболична 10-15 фунти, а парите се наменети за хуманитарни цели. За Инстаграм его триповите многу поефтино, отколку што ќе потрошат во некој скопски клуб, за да снимат селфи.

Последната можност да дојдете до билет и тоа за главните терени и за блокбастер мечевите е татко ви да е ЦЕО или член на бордот на Најк, Адидас, Ролекс, Јагуар, Шлезингер, Евиан и други партенри на турнирот, па да ви го даде гратис.

Има уште една опција, многу поблиска за читателите на Макфакс и Топспорт, а тоа е лично да го познаваат авторот на овој текст. Секој мај, акредитираните странски известувачи од Вимблдон добиваат понуда од организаторот да аплицираат за билети за главните терени и доколку барањето им биде одобрено, билетите ќе можат да ги продадат на пријатели. Но, исклучиво по куповна цена. Доколку има заинтересиран, нека ми се обрати во втората половина на наредниот мај. А, до тогаш, нека бара начин како да ја преброди визната бариера.

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

Објавено пред

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.

Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.

Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Утре почнува тенискиот турнир во Вимблдон

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

dobivaj vesti na viber

Во понеделник во Лондон започнува 135-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.

За главен фаворит за освојување на третиот овогодишен гренд-слем турнир се смета минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а, после него, ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини. Вториот носител на турнирот, и освојувачот на двата овогодишни гренд-слемови, Рафаел Надал, доста е потценет од букмејкерите и се смета за трет кандидидат за победник на турнирот. Својот напад на седмата вимблдонска титула и 21-от гренд-слем, индиректно го најави и Новак Ѓоковиќ во изјавата за Макфакс и Топспорт дека е задоволен како му поминале подготовките, дека тие биле со ист квалитетни како и минатата година и дека се надева дека далеку ќе стигне на турнирот.

Наспроти очекувањата, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, особено во првата седмица од мечевите. Таков неславен пример на последните два Вимблдона беше грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој, иако доаѓаше на турнирот рангиран меѓу првите десет тенисер, испаѓаше уште во првото коло. Шанса за успех за тенисерите од сенка да направат изненадување се гледа и во одлуката на организаторот да не им дозволи да настапуваат претставниците од Русија и Белорусија, така што првопласираниот на АТП листата, Русинот Даниел Медведев нема да биде присутен на зелените терени, исто као и второпласираниот, Германецот Александар Зверев, кој, поради повреда во полуфиналето на Роланд Гарос, исто така, ќе биде отсутен. Иако далеку од некогашната форма, своја желба да игра во финалето, најави и миленикот на домашната публика Енди Мареј.

Во женска конкуренција, најмногу шанси ѝ се даваат на првата тенисерка на светот Иги Швојтек од Полска, додека далеку зад неа се шампионката од 2019., Романката (со македонски корени), Симона Халеп и седмократната победничка на Вимблдон, Серана Вилијамс од САД. Женската конкуренција е далеку понепредвидлива од машката, така што можни се непредвидливи мечеви уште од првиот ден, па до самото финале.

Како и минатата година, единствен претставник од С. Македонија ќе биде осумнаесетгодишниот Калин Ивановски, кој ќе настапи во јуниорска конкуренција.

Наградниот фонд оваа година е зголемен на рекордни 40,35 милиони фунти, што е за 11 посто повеќе од 2021., кога тој изнесуваше 38 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по два милиони фунти (2,35 милиони евра). Паричната награда е и единствеата сатисфакција за играчите, бидејќи оваа година асоцијациите АТП и ВТА нема да доделуваат поени на тенисерите и тенисерките, поради одлука на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 550 новинари од над 50 земји. Како и на Вимблдон во 2019. и 2021., и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет дена додека се одржува турнирот.

Ненад Живановски

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ3 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет4 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет4 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет4 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет4 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија15 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ19 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија20 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија22 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура23 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија24 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија24 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет1 ден

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет1 ден

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет1 ден

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....