Спорт
Осака не размислува за тенисот, се повлече од Австралија опен
Двократната шампионка, Наоми Осака, очигледно уште не планира камбек на тенисот откако потврди дека нема да игра на Австралија опен, продолжувајќи ја долгата пауза од тенисот.
Јапонката, која победи во Мелбурн во 2019 и 2021 година, падна на 47. место на ВТА листата откако нема играно од септември, кога се повлече од второто коло на домашниот турнир во Токио. Таа има само еден комплетиран меч од мај, и имаше порази во првото коло во своите последни три турнири, вклучувајќи го и САД опен.
Минатата недела таа на социјалните мрежи објави фотографии од своето патување во Европа заедно со своето момче, американскиот рапер Кордеј и нејзиното повлекување беше очекувано.
Австралија опен, кој стартува на 16 јануари веќе загуби поголем број на ѕвезди, вклучувајќи го светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз поради повреда, како и Симона Халеп и Венус Вилијамс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Уште една шлаканица за Ѓоковиќ, елиминиран од Махач во полуфиналето во Женева
Новак Ѓоковиќ уште еднаш ги разочара своите навивачи. Најдобриот светски тенисер испадна во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева. Јиржи Махач го порази Ѓоковиќ со 6:4, 0:6, 6:1. И покрај та што не играше на многу турнири од почетокот на сезоната, нестварно звучи податокот дека Ѓоковиќ се уште играл финале во 2024 година.
Српскиот тенисер оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво. Три полуфиналиња на Австралија опен, во Монте Карло и во Женева, не се резултатите на кои е навикнат Новак, кој во лоша форма ќе пристигне во Париз, каде во понеделник ќе започне вториот Грен слем сезонава, Ролан Гарос, а накој Ѓоковиќ ја брани титулата.
Чехот Јиржи Махач ја забележа најголемата победа во кариерата. Ги искористи сите грешки и подароци што му ги сервираше Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ имаше комтни 4:1 во првиот сет кога влезе во „црна дупка“, Махач освои пет гема во низа и го освои првиот сет.
Во вториот се „појави“ вистонскиот Ѓоковиќ, го збриша противникот со 6:0, за во третиот повторно да падне во летаргија. Го освои првиот гем, а потоа Махач доби шест гема во низа и се пласира во финалето.
Спорт
Инзаги тренер на сезоната во Серија А
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона, соопштија челниците на натпреварувањето.
Наградата ја додели жирито на директори на спортските медиуми. Тие го оценуваа секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми, квалитетот на играта на нивните тимови, како и нивното однесување на натпреварите.
Инзаги со Интер во актуелната сезона убедливо ја освои титулата шампион на Италија, на коло пред крајот на првенството има 19 бода повеќе од второпласираниот Милан.
Тој во досегашната кариера покрај Интер беше тренер и на Лацио.
Спорт
(Видео) Тепачка меѓу навивачи на ПАО и Фенер, има повредени
Во пресрет на првото полуфинале во Евролигата, во кое од 18 часот ќе се сретнат Панатинаикос и Фенербахче, на улиците на Берлин дошло до општа тепачка.
Како и претходните денови дојде до конфликт меѓу две навивачки групи, доста бројни на овој фајналфор.
Инцидентите се случиле пред „Убер арена“. каде се одржува завршниот турнир. Полицијата имала има полни раце работа.
Има повредени, но и уапсени, но нивниот број не е познат.
Исто така, од местото на настанот пристигнуваат информации дека голем број турски навивачи сакаат да влезат во салата без билет.
Fenerbahçe taraftarı Türkiye’ye küfür eden bir grup eşşeğe Berlin’de haddini bildiriyor. pic.twitter.com/5eluFy6pKo
— Honorede (@HonoreDeBerke) May 24, 2024
Και σύλληψη οπαδού του #paobc pic.twitter.com/WS7RkeEC3S
— Yannis Psarakis (@YPsar) May 24, 2024
Τώρα επεισόδια #paobc pic.twitter.com/0tu6ExCo0m
— Yannis Psarakis (@YPsar) May 24, 2024
Turkish fans tried to enter the arena without tickets, doors are locked down, arrests are made pic.twitter.com/Zk0h28LQsh
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 24, 2024