Спорт
Сер Алекс го бранеше Гигс на суд: Тој имаше фантастичен темперамент
Сер Алекс Фергусон, легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, денеска се појави на суд како сведок на одбраната на неговиот поранешен фудбалер, Рајан Гигс, зборувајќи за односите со поранешниот велшки фудбалер, кој е на суд за физички напад на неговата поранешна евојка, Кејт Гревил.
Пред судот во Манчестер, 80-годишниот Фергусон зборуваше за односите со Гигс, оценувајќи го како човек со фантастичен темперамент.
„Да се има толку долга кариера на тешка позиција, тој ги исполни сите можни очекувања кои беа поставени пред него. Без сомнеж тој беше најдобриот пример кој го имавме во клубот и сите гледаа на Рајан Гигс како на број 1“, изјави Фергусон, по што на прашање дали некогаш ја загубил контролата и станал агресивен, кратко одговори: „Не, никогаш“.
48-годишниот Гигс демантира дека ја контролирал својата поранешна девојка, 38-годишната Гревил од август 2017 до ноември 2020, но и дека физички ја нападнал неа и нејзината помлада сестра, 26-годишнат Ем Гревил. Тој призна дека бил неверен во сите негови претходни врски, но додаде дека никогаш не нападнал жена. Тој објасни дека не можел да оддолее на интересот од „атрактивни жени“ и дека секогаш сакал да флертува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клаузула од милијарда евра за еден од најголемите светски таленти
Пау Кубарси (17) е новиот супер талент клупската академија на Барселона, Ла Масија. Шпанскиот стопер оваа сезона забележа 30 настапи за тпрвиот тим.
Кубарси има договор со Барселона до јуни 2026 година, а трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо најави дека клубот сака што е можно побргу фудбалерто да потпише нов договор.
Деко, спортскиот директор на Барселона, ги договорил условите со менаџеорот на Кубарси пред две недели. Романо откри дека моментално се средуваат деталите и дека
тинејџерот наскоро треба да потпише договор кој ќе има вградена откупна клаузула од една милијарда евра.
Секако, Барселона не мисли дека некој ќе ја плати таа сума за играчот, туку сака да го заштити за да не може некој да му и „украде“ во случај да стави помала клаузула.
„Трансфермаркт“, веб-страница специјализирана за вредноста на фудбалерите, го проценува Кубарси на 25 милиони евра.
Спорт
Ерлинг Халанд станува лик во култната видео игра
Еден од најдобрите напаѓачи во светот, играчот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23), не е на нивото од минатата сезона, поради што неодамна беше мета на критики, пред се од поранешните играчи кои денес ги анализираат натпреварите за ТВ куќите.
какви стандарди постави Халанд минатата сезона најдобро покажува податокот дека оваа сеозна често го критикуваат, а тој има постигнато вкупно 32 гола (21 во Премиер лигата) на 40 настапи во сите натпреварувања.
Вредноста на Халанд за Манчестер Сити, со кого има договор до 2027 година, не е само на теренот, туку Норвежанецот е еден од најпопуларните фудбалери во светот, а неговиот маркетиншки потенцијал е огромен, а тоа го покажува и веста дека ова недела Халанд станува лик што може да се игра во видео играта „Clash of Clans“.
Ова е првпат во играта да се додаде вистинска личност, а Халанд ќе стане ликот на „Кралот на варварите“ во текот на месец мај.
Халанд ја игра „Clash of Clans“ повеќе од десет години и стапи во контакт со „Supercell“, финските програмери кои стојат зад популарната игра, за да формираат партнерство.
„Кога слушнавме дека Ерлинг Халанд е обожавател на нашата игра и сака да биде партнер со нас, тоа навистина беше сценарио од соништата“, изјави Стјуарт Мекгау, генерален директор на „Clash of Clans“.
Халанд имал десет години кога првпат ја открил оваа игра, а активно учествува и денес.
„Јас сум голем обожавател на играта долго време и знам сè за неа, така што е навистина кул да се појавиш како лик во играта“, рече Халанд.
Спорт
Салах му викал на Клоп: Ќе добијам црвен картон
Вест Хем и Ливерпул во Лондон минатата сабота одиграа 2:2 во 35. коло од Премиер лигата.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, направи тројна замена две минути откако неговиот тим го прими вториот гол. Меѓу другите, во тој момент во игра влезе и најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.
Репрезентативецот на Египет пред да стапне на теренот влезе во жестока расправија со Клоп, тој момент го уловија камерите.
Англиските медиуми се занимаваа со ситуацијата неколку дена по натпреварот, анагжираа професионален читач од усни.
Тој откри дека Клоп го прекорувал Салах затоа што бил премногу бавен за да се подготви за натпреварот, по што почнала расправијата.
„Не можам да сторам ништо околу тоа“, рекол Салах, а одговорот на Клоп не е забележан на камерите. Меѓутоа рекол нешто што го вознемирило Салах, толку многу, што почна да вика дека ќе добие црвен картон кога ќе влезе:
„Ќе, ќе добијам црвен картон. По седум години, по седум години играње, по седум години играње“, викал египетскиот напаѓач.
Потоа ситуацијата ја смири соиграчот Дарвин Нуњез.
По натпреварот, Салах прошета низ микс зоната, но одби да одговара на новинарски прашања.
Само кратко им дофрли на насобраните новнари: „Ако зборувам денеска, ќе има оган“.