Спорт
Шок во Мадрид – Сабаленка испадна од Баптист
Американката Хејли Баптис, 32-ра на ВТА листата го режираше најголемото изнеандување на Мастерсот во Мадрид. Во четвртфиналето таа ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, по повеќе од два и пол часа е 2:6, 6:2, 7:6 (6).
Натпреварот започна како што многумина очекуваа, 27-годишната Белорусинка лесно го доби првиот сет. На ист начин во вториот сет возврати нејзината три години помлада соперничка од Вашингтон.
Далеку повозбудлив од првите два беше решавачкиот сет. Сабаленка пропушти пет меч топки, Баптис имаше брејк предност, но Сабаленка возврати со ри-брејк во 12-от гем.
Во тај-брејкот Сабаленка стекна предност од 4:1. Се чинеше дека Сабаленка, иако не рутински, ќе ја оправда улогата на фаворит, Баптис направи редок подвиг и се извлече од речиси безнадежна ситуација.
Пред Баптист е уште една тешка задача во полуфиналето бидејќи ја чека Русинката Мира Андреева, осмата тенисерка во светот која еден ден пред својот 19-ти роденден ја победи Канаѓанката Лејла Фернандез со 7:6 (1), 6:3.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Апсолутен спектакл во Париз: ПСЖ-Баерн 5:4
ПСЖ и Баерн Минхен, го одиграа најспектакуларното полуфинале во историјата на Лигата на шампионите. Актуелниот шампион ги победи Баварците со 5:4 (3:2). Баерн и покра поразот задоволен се враќа во Минхен, бидејќи во 58-та минута, ПСЖ имаше водство 5:2.
Атомски фудбал на „Паркот на Принцовите“ одиграа бранителот на титулата и шесткратниот европски првак.
Натпреварот имаше нестварен интензитет, невозможно е да се набројат шансите на двете страни. Определбата на тренирите, нивните тимови да играат високо кога напаѓаат придонесе на крајот фудбалскиот аудиториум да сведочи на двевет постигнати гол.
Кејн од пенал погоди за водство на Баерн, но ПСЖ експресно се врати во натпреварот и поведе со головите на Кварацхелија и Жоао Невеш. ДО крајот на полувремето, магија на Олисе за 2:2, а потоа несмасен пенал направи Дејвис, буквално на истекот на времето во првиот дел. Дембеле му ја врати предноста на ПСЖ.
Блиц криг на „светците“ со головите на Кварацхелија и Дембеле за огромна предност од 5:2 во 58-та минута.
Баерн не се откажа, Упамекано намали на 5:3, а Луис Дијаз целосно ги врати Баварците во мечот со четвртиот гол.
До крајот, Мају за ПСЖ ја погоди гредата,а обидот на Лајмер во последната минута, Пачо го одбрани на гол линијата.
Реваншот во Минхен, ќе се игра наредната среда.
Foto/ EPA
Спорт
Дебакл на Вардар 1961 во Монпелје
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа тежок пораз во Монпелје 33:23, во четвртфиналето, во Лига Европа. Без двајцата најдобри играчи Јака Малус и Дмитро Хориха, црвено-црните, издржаа едно полувреме, во второто целосно потонаа.
Првото полувреме заврши со предност од два гола за фрнацускиот тим, во второто тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ се обиде во нападот да игра „7 на 6“, но тоа не му донесе ништо добро. Монпелје сите грешки во нападот на црвено-црните, знаеше да ги казни.
Дополнителни проблеми дојдоа по црвениот картон на Тузолана, што дополнително ја скрати ротацијата во тимот на Вардар 1961.
Да СИлва и Митровиќ со по шест гола беа единствените светли точки во редовите на црвено-црните.
Реванш натпреварот е закажан за 5 мај во Скопје.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
Бург ја освои титулата во Еврокупот
Кошаркарите на Бург ја освоија титулата во Еврокупот. Францускиот тим во два натпревари го доби Бешикташ. Минатата недела победија во Истанбул со 72:60, а пред своите навивачи, вечерва, во неверојатна завршница, славеа со 73:71.
Бург со триумфот во Еврокупот обезбеди пласман во Евролигата, но прашање е дали клубот ќе реши да игра во елитата. Проблем моѓат да бидат финансииите.
Натпреварот кој беше тензичен од самиот почеток, кулминирапе во последните 90 секунди. Бешикташ успеа да надомести минус од пет поени, со тројката на Метјузи изедначи на 71:71, а во последните 15 секунди нападот на Бург, одеше на Мокока, кој погоди од тешка позиција за победа и титула во Еворпкупот.
Бург го предводеа Кокила со 18, Мокока со 17, Мичел и Мекдауел Вајт со по девет поени. Кај Бешикташ, Метјуз постигна 18, Жижиќ 14, Лемар 13, Ентони Браун 10 поени.
