Спорт
Столе Димитиревски во Барселона?

Барселона ќе се обиде да го ангажира македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, тврди телевизијата „Ел Чирингито“.
Димитриевски блеска оваа сезона, еден е од најзаслужните за фантастичните резултати на Рајо Ваљекано. Барселона на дело го виде Македонецот пред еден месец кога беше најзаслужен за победата на Рајо од 1:0. Во второто полувреме Димитриевски го одбрани пеналот на Мемфис Депај.
Не е тајна дека Тер Штеген сезонава не е на потребното ниво. Германецот ја има најлошата сезона во Барселона од 2014 година кога пристигна во клубот. Исто така, резервата на Тер Штеген, Бразилецот Нето, е незадоволен од статусот што го има и тој речиси сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
?EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez ?
?”El BARÇA quiere FICHAR a DIMITRIEVSKI en enero”
‼️”Él está ahora en BARCELONA” #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/FYmLT9DEB4
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал ќе се засили со играч на Виљареал

Реал Мадрид планира голема ремонт во претстојниот преоден рок. Во клубот веќе пристигна левот бек Фран Гарсија од Рајо Валјекано.
Како што стојат работите, следен трансфер би можел да биде Самуел Чуквуезе. Крилниот напаѓач на Виљареал, пред неколку месеци блескаше на „Сантијаго Бернабеу“, постигна два гола, а Виљарела го победи Реал со 3.2.
Нигериецот има договор со „жолтата подморница до јуни 2024 година и откупна клаузла од 80.000.000 евра.
Бидејќи влезе во последната година од договорот во Реал се надеваат дека за него ќе траба да платата околу 40.000.000 евра.
Чуквуезе, оваа сезона постигна 13 гола и запиша 11 асистенции.
Спорт
Мартинез го напушти Билбао, следна станица е Барселона
Најскапиот фудбалер во историјата на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез денеска и официјално си замина од „Сан Мамеш“. Мартинез, кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Договорот на 31. годишен стопер истекува на 30 јуни, тој ги одби сите понуди да потпише нов. Мартенизе ги договори личните услови со Барселона, но ќе треба да почека за да го потпише договорот.
Барселона има финансиски проблеми и за да го регистрира Мартинез ќе мора да ослободи место во буџетот за плати, односно да продаде некој играч од актуелниот состав.
Инаку, Мартинез, ќе има годишна плата од 4.500.000 евра. Тој ќе потпише договор до јуни 2025 година.
Ињиго Мартинез кариерата ја започна во младинската школа на Реал Сосиедад, играше за вториот тим на клубот од Сан Себастијан, а за првиот тим дебитираше во 2011 година. Седум години подоцна тој се пресели во редовите на најголемиот ривал, Атлетик Билбао.
Атлетик за него плати 32.000.000 евра што е најголемиот трансфер во клупската историја. За Атлетик одигра 152 натпревари, постигна шест гола.
Спорт
Верона и Специја, во Удине ќе се борат за опстанок
Во недела, на 11 јуни, фудбалерите на Верона и Специја ќе одлучат кој тим останува во Серија А, а кој испаѓа во Серија Б.
Челниците на Италијанската фудбалска асоцијација, решија натпреварот да се одигра на неутрален терен во Удине. Ова ќе биде прва мајстрока за опстанок во Серија А по сезоната 2004/05, кога за опстанок се бореа Парма и Болоња.
Од оваа сезона, италијанската федерација го смени правилото, па меѓусебниот скор не одлучува околу конечниот распоред.
Ако две екипи имаат ист број бодови, а Верона и Специја имаа по 38 одиграни натпревари, еден натпревар на неутрален терен ќе одлучи кој ќе остане во елитното друштво. Доколку дојде биде нерешено по 90 минути, веднаш се изведуваат пенали.
Сезонава Специја ја победи Верона на гости со 2:1, додека мечот во кој Специја беше домаќин заврши 0:0. Сампдорија и Кремонезе испаднаа од Серија А.