Спорт
Тер Штеген ќе биде опериран, ќе отсуствува три месеци
Марк-Андре тер Штеген (31), симбол на Барселона и еден од најдобрите голмани во светот, мора да оди на операција на грбот. Прогнозите се дека Барселона ќе биде без Германецот најмалку три месеци.
Тер Штеген дојде во Барселона пред девет години за 12 милиони евра од Борусија Менхенгладбах. Со клубот досега освоил пет трофеи во првенството и Купот на Шпанија и една во Лига на шампиони.
„По интензивна консултација со клупската медицинска служба и неколку специјалисти, беше одлучено дека е најдобро да ме оперираат. Жал ми е што нема да играм долго време, но тоа е најдобрата одлука”, рече Тер Штеген.
Тер Штеген минатат сезона ги освои наградите за најдобар играч на Барселона, а беше прогласен и за најдобар голман и играч на Ла Лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.