Спорт
Торо росо го покажа својот болид за 2019, најави уште поголема соработка со Ред бул
Скудерија Торо росо го презентираше својот нов болид за 2019 година, кој ќе го возат повратникот во спортот, Русинот Данил Квјат и новакот Александер Албон, интересна возачка двојка, која претходно беше „шутната“ од јуниорската програма на Ред бул.
Шефот на тимот, Франц Тост, потврди дека новиот СТР14, кој на прв поглед е речиси идентичен со минатогодишниот болид, оваа година ќе користи „многу делови“ од болидот на Ред бул од 2018 поради тоа што двата тима сега ќе користат мотори на Хонда.
„Компонентите кои се поврзани со моторот ќе имаат исти спецификации како тие на Ред бул рејсинг, колку што дозволуваат регулативите. Другите делови ќе бидат минатогодишни делови од Ред бул рејсинг. Како помал тим, не не можеме да го следиме брзиот развој и производство како големите тимови“, вели Тост.
Introducing the STR14! ?? pic.twitter.com/rfdUoBO29N
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 11, 2019
Квјат добива последна шанса од Ред бул, започнувајќи по третпат сезона со Торо росо. Тој прво замина во главниот тим на Ред бул во 2015 како замена за Себастијан Фетел, но се врати по само една година по проблемите. Потоа, Русинот замина пред крајот на сезоната 2017 откако не ја врати формата и лани работеше како возач на симулатор на Ферари.
Албон, пак, имаше долгогодишен договор со Нисан за настап во Формула Е, но го прекина за да ја искористи шансата да вози во Ф1. Британецот со тајландско потекло минатата година возеше во Формула 2, каде што ја загуби битката за титулата со шампионот Џорџ Расел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.
Спорт
Баерн го контактирале Арсен Венгер
Баерн се уште е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната. Многу имиња „циркулираа“ низ клубот од Минхен, кандидати беа и Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Зинедин Зидан, но конкурсот се уште е отворен.
Германските медиуми открија дека клупата на Баерн му била понудена и на легендарниот Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал.
„Долго време не сум во фокусот и мислам дека во овој момент то а не ми е потребно. Јас сум во пензија. Им се заблагодарив на челниците на клубот од Минхен кои се сетија на мене, но мислам дека е време да најдат помлад тренер, кој ќе ја врати старата слава“, откри легендарниот француски тренер.
Поранешниот менаџер на Арсенал вели дека најдобро решение за Баерн би било доколку го ангажираат Зинедин Зидан, кој со Реал покажа дека е роден да освојува трофеи.
„Голем број на клубови ќе бараат тренери во овој преоден рок. Ќе им биде тешко на моите колеги да решат каде ќе одат. Мислам дека најдобро решение за Баерн би бил Зинедин Зидан, но прашање е дали тој сака да работи во Германија, бидејќи мислам дека проблем би бил што тој не зборува германски“, изјави Арсен Венгер.