Спорт
(Видео) Леброн дојде до 39.000 поени, а Дурент до 1.000 натпревари во кариерата
Леброн Џејмс изминатата нќ во НБА лигата ја мина границата од 39.000 поени во кариерата, а Кевин Дурент го одигра 1.000 натпревар во кариерата.
Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на лигата постави уште еден рекорд кој веројатно никогаш нема да биде надминат.
До неверојатна бројка дојде со тројка во првата четвртина од мечот со Јута Џез. Натпреварот го заврши со 17 поени, девет асистенции и седум скока за 24 минути на паркетот.
Лејкерси ги совладаа Џез со 131:99, што е нивна четврта последователна победа. Ентони Дејвис беше најефикасен со 26 поени и 16 скока.
With this triple LeBron James has now scored 39,000 points in his NBA career 👏
🏆 NBA In-Season Tournament
🏀West Group A action on TNT pic.twitter.com/xfRaMOE1f7— NBA (@NBA) November 22, 2023
Кевин Дурент против Портланд го одигра 1.000 натпревар во кариерата. Тој постигна 31 во победата на Феникс над Портланд од 120:107. Со тоа Кевин го престигна Елвин Хејс на вечната листа и сега е на 11. место.
Заедно со доброто издание на главната ѕвезда на тимот се истакна и Девин Букер со 28 поени, додека Јусуф Нуркиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 скока.
Кај Портланд Грант постигна 28 поени, Малком Брогдон 19 поени, а Деандре Ејтон 18 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата
Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона.
Палмер, кој летово пристигна во Челси од Манчестер сити, постигна 22 гола на 33 натпревари и забележа десет асистенции.
Тој е водечка сила на сините оваа сезона, а на последните три натпревари постигна по два гола.
Тој победи во конкуренција на Александер Исак (Њукасл), Коби Мајно (Манчестер јунајтед), Букајо Сака и Вилијам Салиба (Арсенал) и Дестини Удоги (Тотенхем).
Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој постигна 27 гола.
И не само тоа, 22-годишниот Палмер е номиниран и за најомилен играч на гласањето на навивачите во Премиер лигата.
Офанзивниот играч за врска на Челзи неодамна беше прогласен и за играч на месец април во Премиер лигата, откако постигна седум гола на четири натпревари.
Треба да се додаде дека тој со огромно мнозинство ја освои наградата за најдобар играч на Челзи оваа сезона.
Спорт
Салфетката на која Меси потпиша за Барселона продадена за 760.000 фунти
Салфетата на која Лионел Меси ја потпиша согласноста дека ќе и се приклучи на Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави во петокот британската аукциска куќа Бонамс.
Бонамс првично очекуваше продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај.
„Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави Бонамс.
Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексач, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаутот за таленти кој го препозна потенцијалот на Меси.
Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во „La Reial Societat de Tennis Pompeia“ во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексач.
„Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортски директор на ФК Барселона со ова се согласува, под негова одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси под услов да се држиме до договорените суми“, пишува на салфетката.
Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имаше само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, откако дојде од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.
Спорт
Алкалоид го победи Вардар 1961, ќе се бори за трофејот во Купот
Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13).
Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен.
Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го искорсит последниот напад, а Вардар 1961 во последната секунда избори седмерец.
Голамнот Галевски го одбрани ударот на Срдановиќ. Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Арно Бинго со шест гола.
Финалниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра в недела од 19:30 часот.