Свет
Анкета на ЕП: За своите земји најкритични Словенците и Хрватите, сметаат дека е потребна е реформа на ЕУ
Повеќе од половина европски граѓани сметаат дека економската состојба во нивните земји ќе биде полоша за една година и не очекуваат да живеат подобро, но, сепак, мнозинството верува дека ЕУ ќе најде одговори на кризата, покажува анкетата организирана од Европски парламент.
Испитаниците беа прашани како живеат во пандемија и што очекуваат во следната година, како и што мислат за ЕУ и придобивките од членството и за улогата и приоритетите на Европскиот парламент.
Истражувањето покажа дека повеќе испитаници, во просек, веруваат дека работите се одвиваат подобро на европско ниво отколку во нивната земја, две третини се оптимисти за иднината на Европската Унија и речиси три четвртини сметаат дека европскиот план за закрепнување ќе им овозможи економиите на земјите побрзо да закрепнат од негативните последици од пандемијата.
Во споредба со есента 2019 година, бројот на граѓани кои имаат позитивно мислење за Европската Унија е зголемен за десет процентни поени, на 50 проценти.
Граѓаните, сепак, тешко се справуваат со кризата и имаат малку надеж дека состојбата ќе се подобри во следната година.
Педесет и три проценти од европските граѓани сметаат дека состојбата во нивната национална економија ќе биде полоша за една година, 23 проценти дека ќе остане иста, а само 21 процент дека ќе биде подобро.
Во Хрватска 54 проценти од испитаниците сметаат дека состојбата во националната економија ќе биде полоша за една година, 30 проценти мислат дека ќе биде иста, а само 15 проценти дека ќе биде подобро. Триесет проценти од Хрватите сметаат дека за една година нивните услови за живот ќе бидат полоши од денешните, 45 проценти мислат дека ќе бидат исти, а 23 проценти дека ќе бидат подобри. Повеќето од нив исто така сметаат дека Европската Унија треба да се реформира.
Кога станува збор за шансите за подобар живот, постои значителна разлика помеѓу Источна и Западна Европа.
Граѓаните се најпесимистични во Словачка (43 проценти), Грција (40 проценти), Романија (36 проценти), Бугарија (35 проценти) и Словенија (35 проценти). На северозапад, само седум проценти од Данците и Холанѓаните сметаат дека ќе бидат полоши во следната година. Во три земји членки – Латвија (68 проценти), Франција (67 проценти) и Чешка (67 проценти) – повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека нивните национални економии ќе опаѓаат. Најголем удел на граѓани кои очекуваат подобра економска состојба е забележан во Малта (42 проценти), Ирска (39 проценти) и Естонија (34 проценти).
Анкетата „Парламетар 2020 година“ беше спроведена во ноември и декември на 27.213 граѓани од 27 земји членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел им се закани на Ирска, Шпанија и на Норвешка: Ќе има тешки последици
Министерството за надворешни работи на Израел ги предупреди амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка дека нивното признавање на палестинската држава ќе има „тешки последици“.
„Ќе има тешки последици во односите со тие земји поради нивната одлука“, најави Џејкоб Блиштајн, генерален директор на МНР по средбата со амбасадорите.
Тие биле поканети на разговори еден ден откако нивните земји објавија дека ќе ја признаат Палестина на 28 мај.
На средбата на амбасадорите им било прикажано видео од киднапирањето на пет жени војници за време на терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври. Во видеото од околу три минути, кое што го објавија светските медиуми, млади жени седат на подот со раскрвавени лица и врзани раце во базата Нахал Оз на југот на Израел.
Се додава дека ова признавање ќе го отежне договорот за ослободување на заложниците кои се држат во Газа од 7 октомври.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој посети неколку земји за да добие поддршка за палестинското признавање, рече дека одлуката ќе ги зајакне напорите за постигнување решение со две држави.
Израел жестоко реагираше и веднаш ги повика своите амбасадори од тие три земји „на консултации“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека заедничкото соопштение на европските земји е „награда за тероризмот“, додавајќи дека суверена палестинска држава би била „терористичка држава“.
Свет
Чешкиот претседател Петр Павел повреден додека возел мотор
Чешкиот претседател Петр Павел е повреден додека возел мотор, но повредите не се сериозни, соопштија од неговиот кабинет.
„Претседателот е повреден додека возел мотор“, објавија од кабинетот на претседателот на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.
Според кабинетот, неговите повреди не се сериозни, но тој мора кратко да биде задржан на опсервација во болница.
Регион
Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица за поддршка на Вучиќ
Колони возила со српски знамиња крстосуваат по улиците на Белград, по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.
View this post on Instagram
Во центарот на северниот дел на Косовска Митровица вечерва се возеле колони возила со српски знамиња во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата борба во Генералното собрание на ОН.
Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.
Имаше 19 против и 68 воздржани. Против резолуцијата гласаа Русија, Унгарија, Белорусија, Кина, Коморите, Антигва, Сирија, Куба, Конго, Јужна Кореја, Доминика, Еритреја, Есватини, Гренада, Мали, Науру, Никарагва, Сао Томе и Принципе и Србија.