Европа
Болниците ги полнат капацитетите. Холандија почна да превезува ковид пациенти во Германија.
Холандија денеска почна да превезува ковид пациенти во Германија, како би се намалил притисокот врз болниците кои секојдневно се борат со зголемениот број на новозараени од корона вирусот.
Како што соопштуваат холандските здравствени власти, еден пациент сабајлево со амбулантно воило е пренесен од Ротердам во Бохум, а во текот на денот пренесен ќе биде и уште еден пациент, пренесува агенцијата Ројтерс.
Бројот на пациенти во холандските болници во последнава недела го достигна до сега највисокото ниво, а се очекува бројката и натаму да се зголемува.
Германските болници понудиле вкупно 20 кревети за ковид пациенти од Холнадија.
Од денеска, 470 од вкуно 1050 кревети на интезивна нега се користат за ковид пациенти, а болниците ги смалуваат капацитетите за прием на редовни пациенти, вклучувајќи терапии против рак и операција на срце, како би обезбедиле повеќе место за пациените заразени со корона вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.