Свет
(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки
Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели Кристофер Базби, британски експерт за ефекти на јонизирачко зрачење и научен секретар на Европскиот комитет за ризици од радијацијата.
Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, веќе ја спореди експлозијата во градското пристаниште, по која настана и катастрофална печурка, со експлозиите од нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945 година.
Британскиот експерт има и научна аргументација за таквата споредба. Во пристаништето во Бејрут експлодирале над 2.700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна сила како ТНТ.
„Бомбата во Хирошима имаше сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ, според тоа, експлозијата во Либан имаше една третина од силата на бомбата во Хирошима“, вели Базби.
Тој објаснува и дека печурката за време на екплозијата во Бејрут се појавила на сличен начин како што тоа се случува кај нуклеарните бомби.
„Силниот удар создаде компресивни прстени во водената пареа, како што ќе направи нуклеарната бомба кога ќе експлодира во близина на водна површина“, тврди британскиот научник.
Тој додава дека експлозии на слични хемиски соединенија како во Бејрут се случиле во минатото, но ниту една не била толку силна како оваа во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени две млади момчиња: планирале напад со нож на верници во синагога во Германија
Германските власти денеска соопштија дека уапсиле двајца мажи осомничени дека планирале напад со нож врз верници во синагога во Хајделберг, на југозападот на земјата.
Осомничените, на возраст од 24 и 18 години, беа приведени за време на одделни полициски операции во покраината Баден-Виртемберг на почетокот на овој месец, соопштија државните обвинители и полицијата, пренесе АП.
Тие разговарале за убиство на еден или повеќе верници во напад на синагогата, по што ќе следуваше нивна „маченичка смрт“, а сакаа полицијата да ги убие, се вели во заедничкото соопштение на германските власти.
Осомничените се соочуваат со обвиненија за заговор за убиство.
Полицијата го открила заговорот со претрес на домот на повозрасниот осомничен на 3 мај.
При претресот, полицаецот пукал и ранил еден од осомничените откако се фатил за нож.
Доказите запленети за време на претресот вклучуваат размена на онлајн пораки меѓу двајцата осомничени во април, во кои тие разговарале за можен напад на синагогата, соопштија властите.
На 18 мај полицијата го приведе помладиот осомничен и изврши претрес во неговиот стан.
Двајцата осомничени се германски државјани, а 18-годишникот има и турско државјанство, соопштија властите.
Нивните имиња не се објавени.
Германските лидери предупредија на ризиците од напади врз Евреите и го осудија порастот на антисемитизмот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.
Регион
Шефот на хрватската дипломатија: Реакцијата на раководството на Србија покажува дека се далеку од соочување со минатото
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска оцени дека реакцијата на српското раководство на резолуцијата за Сребреница покажува дека земјата е далеку од соочување со своето минато, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој посочи дека резолуцијата не прогласува ниту една нација за геноцидна, освен дека ОН се обврзаа да го одбележат тој настан, пренесе агенцијата „Хина“.
„Оваа резолуција се стреми да придонесе за да се осигури дека злосторството геноцид никогаш никаде нема да се повтори“, рече Грлиќ Радман.
Тој додаде дека меѓународните судови утврдиле дека во Сребреница се случил геноцид и дека Србија не го спречила тоа злосторство да се случи ниту ги казнила неговите извршители.
Европа
Филипинка се породила на крузер и го сокрила бебето: тоа починало
Истражен судија во Гросето, Италија го отфрли обвинението за убиство против Чан Џенсел Пиа Салахид, 28-годишна Филипинка која се породила на бродот за крстарење „Сребрен шепот“ на 17 мај, а потоа беше уапсена за смртта на детето.
Истражниот судија го потврдил приведувањето, а младата жена останала во затвор, но под обвинение за напуштање дете со смрт. Нејзините двајца колеги, кои ја делеле кабината со неа и кои исто така биле уапсени поради смртта на бебето, биле ослободени.
Тие и помогнале да се породи и биле соучесници во прикривањето.
Како што пишува „Rai News“, по добивањето на резултатите од обдукцијата, судот ги отфрли обвиненијата за убиство. Засега не се знае за што точно ќе биде обвинета жената освен за напуштање на детето.
А, таа цело време пред истражителите, според италијанските медиуми, тврдела дека не сакала да го убие својот син, кого го нарекла Тејлор.
Само се плашела дека ќе остане без работа, па го сокрила. Секогаш кога можела, доаѓала да го дои, според исказите. Бебето го оставала во плакарот со подотворена врата за да не падне од креветче и никој да не го види или слушне неговиот плач.